МОГЕРИНИ ПОБАРА ПОДДРШКА НА СЈО И РЕФОРМИ ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:31:"Луксембург(МЕТА)

    МОГЕРИНИ ПОБАРА ПОДДРШКА НА СЈО И РЕФОРМИ ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

    Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија рече дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и дека треба целосно да се имплементира Договорот од Пржино.

    “За БЈРМ е многу јасна пораката на земјите членки. Потребно е политичкото лидерство на земјата да се заложи за отворен дијалог, за имлементација на Договорот од Пржино од 2015 година, да се работи на создавање на услови за веродостојни избори, да се работи на владеење на правото, да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и да се имплементираат итните реформски приоритети“, рече Могерини.

    Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург расправаше за состојбата во Македонија по предлог на Германија и на Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари