ОБСЕ ЌЕ ГИ НАБЉУДУВА И МЕДИУМИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:332:"ОБСЕ/ОДИХРнајавидекаќегиследирегистрацијатанакандидатитеинагласачите,активноститевокампањата,работатанаизборнатаадминистрацијаирешавањетонаизборнитеспосрови";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБСЕ ЌЕ ГИ НАБЉУДУВА И МЕДИУМИТЕ

    Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ/ОДИХР ја почнува набљудувачката мисија на изборите. Мисијата ќе ја водат 24 дологорочни набљудувачи, распоредени во тимови низ целата држава, а неколку дена пред изборите ќе дојдат уште 300 краткорочни набљудувачи, кои ќе го следат денот на изборите, отворањето на гласачките места, како и гласањето и пребројувањето гласови. Во набљудувањето ќе учествуваат и 12 експерти.
    Амбасадорот Јан Петерсен, на денешната прес конференција во Скопје, најави дека ќе го следат и известувањето на медиумите во текот на изборната кампања, како и активностите на Државната изборна комисија.
    Тој истакна дека во текот на кампањата ќе се сретне со претставници на државните власти, политичките партии и нивните кандидати, со претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и на меѓународната заедница.
    “Внимателно ќе ги следиме регистрацијата на кандидатите и на гласачите, активностите во кампањата, работата на изборната администрација и решавањето на изборните спосрови”, изјави Петерсен.
    Планот е ОБСЕ/ОДИХР да објави два периодични извештаи за набљудувањето пред изборите, а денот по изборите ќе ја соопшти првичната оценка за тоа како биле спроведени изборите. Конечниот извештај, со препораки што било добро, а што треба да се промени, ќе биде објавен седум недели по изборите.
    “Ние ќе ги кажеме препораките, а на властите е како ќе постапуваат по нив”, додаде Петресен.
    Тој нагласи дека се подготвуваат за избори на 5 јуни, како што сега биле закажани, а доколку има промени во датумот, ќе ги земат предвид и ќе одлучат за следните чекори.
    Пред изборите во Скопје ќе пристигнат и претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Советот на Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари