РЕЧИСИ 40.000 ГЛАСАЧИ ЌЕ ТРЕБА САМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ДИК ЗА ГЛАСАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕЧИСИ 40.000 ГЛАСАЧИ ЌЕ ТРЕБА САМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ДИК ЗА ГЛАСАЊЕ

    Спорни 171.500 записи од Избирачкиот список ќе бидат ставени на дополнителен избирачки список, но ќе имаат право да гласаат, но 39.502 гласачи ќе мораат сами да се регистрираат во Државната изборна комисија во рок од 25 дена ако сакаат да гласаат. Тоа се оние гласачи кои за време на теренската проверка не беа најдени дома. Другите 170.000 гласачи се најверојатно државјани на Македонија што се иселени од државата, но имаат право на глас.

    Тоа е дел од договорот кој го постигнаа четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино од јуни/јули минатата година, кој попладнево беше објавен. Три или повеќе членови на ДИК ќе можат да побараат дополнителна проверка за било кое име.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари