ШКАРИЌ: ПОЖЕЛНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИ ЗА ДА СИ ЈА ОТКРИЕ МИЗЕРИЈАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШКАРИЌ: ПОЖЕЛНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИ ЗА ДА СИ ЈА ОТКРИЕ МИЗЕРИЈАТА

    „ВМРО-ДПМНЕ може сама да истрча на избори, ќе ѝ се придружат тие нејзини мали сателит партии. Ако, нека истрча сама, дури и пожелно е. Нека си ги покаже роговите, ќе се види нејзината мизерија на таквите избори, бидејќи тоа ќе биде еден вид попис колку гласачи се за власта“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК професорот по уставно право Светомир Шкариќ.

    Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидатски листи за пратеници. До сега ниедна партија сé уште нема поднесено, а само ВМРО-ДПМНЕ има најавено дека ќе поднесе листи на кандидати.

    Шкариќ потсетува дека секој има право да пријави кандидатски листи за предвремениоте парламентарни избори. Но, вели дека во оваа ситуација Државната изборна комисија е на тест.

    „Ќе видиме како ДИК ќе постапи. Ако ДУИ и ДПА не поднесат листи и нивните членови Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими се повлечат од гласањето во ДИК, комисијата нема мнозинство да ги потврди листите што би ги поднела ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најдобриот начин. Камо среќа власта сама да поднесе кандидатски листи. Ќе видиме кој ќе биде опозиција. Ова е убаво, воопшто не е трагично. Нека се види сиромаштијата на тие избори,“ вели Шкариќ.

    Тој потенцира дека е многу важно во каков состав ДИК ќе потврди дека ќе има избори.

    „Ибраими и Јакупи се аболирани, среќни, тие се на меден месец. Затоа нема да останат во ДИК ако ДУИ и ДПА не поднесат листи, и затоа најверојатно нема да има кој да ги потврди листите на ВМРО-ДПМНЕ“, се очекувањата на проф. Шкариќ.

    Тој вели дека во ваква ситуација, кога не може според Уставот да се свика Собранието, само Владата си останува во сила до наредните избори. „Бидејќи одамна политката го стави во аут правото откако изби политичката криза во Македонија, очекувам дека со доаѓањето на специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл ќе се оди на политичко решение на кризата“, вели проф. Шкариќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари