ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОДНЕСЕ ЛИСТИТЕ ДО ДИК, АМА ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕГОВОРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОДНЕСЕ ЛИСТИТЕ ДО ДИК, АМА ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕГОВОРИ

    Претседателот на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски пред полноќ во Државната изборна комисија ги достави листите на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, јави агенцијата МЕТА.

    „Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја“, изјавил Нелоски при поднесувањето на листите.

    Како што рече Нелоски, на листите има вкупно 123 кандидати, од кои 74 се мажи, а 49 се жени.

    Во првата единица листата ќе ја води лидерот на партијата Никола Груевски. Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе ја предводи листата во втората изборна единица. Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Во четвртата изборна единица, листата ќе ја предводи министерот за здравство, Никола Тодоров. Листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски, а во шестата пратеникот Влатко Ѓорчев.

    Претходно, партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски објави дека ќе пријави свои кандидати за заеднички листи со владејачката ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за пратеници, но од ВМРО-ДПМНЕ за агенцијата ниту ја потврдиле ниту ја демантирале информацијата.

    Се очекува на овие листи да се и најдат имиња на кандидати за пратенции од помалите партии, досегашни коалициони партнери на владејачката партија, освен од ДОМ на Лиле Поповска и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

    Освен СДСМ која најави бојкот на изборите на 5 јуни, ниту коалициониот партнер на Груевски, ДУИ на Али Ахмети, ниту пак ДПА на Мендух Тачи не доставија листи со кандидати за пратеници.

    До сега до ДИК листи со кандидати за пратеници достави само Народното движење за Македонија (НДМ).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари