ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОЧНА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА САМА ПРОТИВ СЕБЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:55:"Скопје,(МЕТА,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОЧНА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА САМА ПРОТИВ СЕБЕ

    ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи.

    Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа како ќе постапи откако утврди дека на изборите закажани за 5 јуни ќе настапи само една коалиција.

    Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, денеска во телефонски разговор со „Мета“ рече дека сè уште е рано да ги открие партиските стратегии за 5 јуни.

    Според роковникот на ДИК, на 16 мај започнува изборната кампања, а завршува на 3 јуни во 24:00 часот. Потоа следува изборен молк до затворање на избирачките места.

    Според истиот роковник, вчера ДИК требаше да организира ждрепка за утврдување на редоследот на листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието. Со оглед на тоа што има само една кандидатска листа, на членовите на ДИК им било нелогично да прават ждрепка, па се договориле денеска пак да се видат и да дискутираат што да прават за организирање на повеќепартиски избори со една партија.

    Oдговарајќи на новинарско прашање, на 7 април на прес-конференција, Заев рече дека СДСМ „нема намера на телевизија да ги гледа изборите“.

    – Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ со организирање митинзи и настани за изборите, па тогаш и ние ќе ја почнеме нашата стратегија. Иако јас сум сигурен дека тоа нема да се случи – рече Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари