КОЦЕ Ѝ ЗАРАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКА ТУЖБА, ОСТАВИ 6 ТРУДНИ ЖЕНИ И 78 ДЕЦА БЕЗ ДОМОВИ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:11:"td_subtitle";s:477:"ЕвропскиотцентарзазаштитанаРомитесоседиштевоБудимпештанајавилтужбазаРепубликаМакедонија,порадиуривањетонаимпровизиранатаромсканаселбаподКалевоСкопјеинехуманитеусловизаживотна135Ромикоиодпочетокотнаавгустсеподотворенонебо";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КОЦЕ Ѝ ЗАРАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКА ТУЖБА, ОСТАВИ 6 ТРУДНИ ЖЕНИ И 78 ДЕЦА БЕЗ ДОМОВИ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на Македонија ѝ заработи европска тужба со уривањето на импровизираната ромска населба под Кале во Скопје. Европскиот центар за заштита на Ромите со седиште во Будимпешта најавил тужба за Република Македонија, поради уривањето на населбата и нехуманите услови за живот на Ромите кои од почетокот на август се под отворено небо.

Европскиот центар за тужбата официјално го известил Народниот правобранител, кој пак независно од тужбата веќе има отворено предмет за урнатата населба под Кале.

„Ние веднаш отворивме предмет по наша проценка и постојано го следиме случајот. Најавата за европската тужба стигна во меѓувреме, како резултат на жалбите на некои од жителите на импровизираната населба под Кале кои стигнале до Европскиот центар. Постојано укажуваме и испраќаме препораки во Град Скопје и во Министерство за труд и социјала и од постојаната комуникација последниве четири месеци, можам да кажам дека институциите работат или кажуваат дека работат, но видлив резултат нема. Триесет и едно семејство или вкупно 135 лица живеат на студ и дожд, под отворено небо, без струја, без вода, без елементарни услови за живот. Повторно некои почнале од дрва да импровизираат некакво засолниште, а се мијат и се перат во Вардар. Поразителен е фактот што од нив најголем број се деца, 78, а има и шест бремени жени. Сите ги демнат настинки, болести посебно сега со намалување на температурите, и на сите им се ускратени основните човекови права“, вели Васка Бајрамовска – Мустафа, Заменик Народен правобранител, надлежна за Одделението за  заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби.

Бајрамовска-Мустафа имала долга преписка со надлежните институции изминативе месеци. Во еден од одговорите шти ги добиле, Министерството за труд и социјална политика ги известило дека жителите од импровизираната населба под Кале одбиваат да бидат сместени во Чичино Село, каде  што им било понудено сместување како бездомници.

„Ни беше чудно зошто некој што е без куќа би одбил сместување и одлучивме да провериме зошто е така. Нашите екипи во Чичино Село утврдија сосема лоши услови за живење, но и покрај тоа, слободни соби за сместување има само две. Не добивме објаснување од Министерството и од Центарот за социјални грижи како е возможно во две соби да се сместат 135 лица“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Постојано укажуваме и испраќаме препораки во Град Скопје и во Министерство за труд и социјала и од постојаната комуникација последиве четири месеци, можам да кажам дека институциите работат или кажуваат дека работат, но видлив резултат нема. Триесет и едно семејство или вкупно 135 лица живеат на студ и дожд, под отворено небо, без струја, без вода, без елементарни услови за живот. Повторно некои почнале од дрва да импровизираат некакво засолниште, а се мијат и се перат во Вардар. Поразителен е фактот што од нив најголем број се деца, 78, а има и шест бремени жени и на сите им се укратени основните човекови права“, вели Васка Бајрамовска - Мустафа, Заменик Народен правобранител (Фото: СДК.МК)

„Триесет и едно семејство или вкупно 135 лица 4 месеци живеат на студ и дожд, под отворено небо, без струја, без вода, без елементарни услови за живот. Повторно некои почнале од дрва да импровизираат некакво засолниште, а се мијат и се перат во Вардар. Поразителен е фактот што од нив најголем број се деца, 78, а има и шест бремени жени и на сите им се укратени основните човекови права“, вели Васка Бајрамовска – Мустафа, Заменик Народен правобранител (Фото: СДК.МК)

Во последната преписка, тие добиле објаснување дека Министерството за транспорт и врски бара локација на која ќе може да се формира типска населба од големи контејнери за сместување на луѓето.

Бајрамовска-Мустафа нагласи дека со ваквиот третман на ромските семејства сите вмешани институции прават повеќекратни прекршувања на Националната стратегија за права на Ромите и на Декадата на Роми, кои нашата држава ги потпишала и се обврзала дека за приоритет ќе ги смета образовнието, домувањето и вработувањето на Ромите, а не се почитуваат ниту препораките од Конвенцијата за права на детето.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира