НЕ ЈА ПУШТААТ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА ДОДЕКА НЕ ПЛАТИ ПАРТИЦИПАЦИЈА ИАКО Е СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ ЈА ПУШТААТ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА ДОДЕКА НЕ ПЛАТИ ПАРТИЦИПАЦИЈА ИАКО Е СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ

    Кај 14-годишниот А.И. пред неколку години беше откриен поодминат стадиум на рак на чашката на коленото. Лелеците за помош на смртно исплашената мајка и болното дете ги слушна и тогашниот заменик министер за здравство Имер Имери и момчето итно беше сместено во болница. За жал, карциномот веќе се проширил и на виталните органи на момчето и за неполн месец тоа почина.

    Случајот на 14-годишниот А.И. заврши трагично не затоа што тој немаше сили да се бори, туку затоа што болеста беше доцна откриена. Детето никогаш не било однесено на лекар, зашто неговите родители беа социјално загрозени и немаа пари за негова редовна здравствена заштита.

    Во невладината „Лил” годишно за помош се обраќаат над 20 лица  кои не можат за себе или за член на семејство да ја платат болничката партиципација поради сиромаштијата во која живеат; - Сарита Јашарова од „Лил“

    Во невладината „Лил” годишно за помош се обраќаат над 20 лица  кои не можат за себе или за член на семејство да ја платат болничката партиципација поради сиромаштијата во која живеат; – Сарита Јашарова од „Лил“ (Фото: СДК.МК)

    Трагичниот крај на момчето тогаш го вклучи алармот, но за жал не беше доволен повод да се најде системско решение за солидарна здравствена заштита на членови на семејствата кои немаат пари да ја платат законски предвидената партиципација од 20 отсто. Ниедна институција во државата нема точен податок на колку лица им е сериозно загрозено здравјето поради тоа што немаат пари за редовна здравствена заштита или пак воопшто не се ни регистрирани во системот за здравствено осигурување. Од невладиниот сектор укажуваат дека тие помагаат интервентно и ја плаќаат партиципацијата за болничко лекување на социјално загрозени лица кои им се обраќаат за помош.

    Невладината организација „Лил” годишно регистрира над 20 случаи  кои не можат за себе или за член на семејство да ја платат болничката партиципација поради сиромаштијата во која се наоѓаат.

    „Морам да потенцирам дека во ниеден од случаите луѓето не се пожалиле на односот на лекарите во болницата. Тие најпрофесионално си ја завршуваат работата, но проблемот настанува во администрацијата кога мора да се подмири законски пропишаната партиципација од 20 отсто. Неодамна, добивме претставка од татко на малолетниот Џ.М. кој бил хоспитализиран на Детската клиника во Скопје на одделот за хематологија како итен случај. Откако состојбата му се стабилизирала, детето било пуштено дома, но од родителите биле побарани 2.700 денари за неговиот престој  и лекување во болницата. Бидејќи се работи за семејство под социјален ризик идносно и двајцата родители се невработени, тие не ја платиле партиципацијата и си заминале без отпусно писмо. Наскоро, на малиот Џ.М. повторно му се влошила здравствената состојба, но од болницата им рекле дека ќе го примат, а со испитувањата ќе почнат откако ќе го платат стариот долг. Очајниот татко побара помош и ние ја плативме партиципацијата. Проблемот е во тоа што системот на здравствена заштита не ги препознава овие категории на граѓани поради што губат и едните и другите – болните со одолговлекувањето губат здравје, а болниците губат пари што резултира со финансиска загуба во нивното работење“,  вели Сарита Јашарова од „Лил”.

    Службите на болницата, се разбира, бараат начин да ја наплатат партиципацијата, но одговорно тврдам дека тоа  никогаш не се прави на штета на здравјето на детето, вели д-р Ааспазија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје

    Службите на болницата, се разбира, бараат начин да ја наплатат партиципацијата, но одговорно тврдам дека тоа  никогаш не се прави на штета на здравјето на детето, вели д-р Ааспазија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје

    Од Детската клиника во Скопје велат дека секојдневно се соочуваат со овој проблем, но дека во сите случаи на прво место го ставаат здравјето на детето.

    „Одговорно тврдам дека нема дете кое не е најпрофесионално згрижено и лекувано во оваа болница, без разлика на социјалниот статус на неговото семејство. Тоа го правиме и на штета на буџетот на клиниката, поради што многу често сме опоменувани од Фондот за здравство. За нас како лекари здравјето на децата е на прво место. Службите на болницата, се разбира, бараат начин да ја наплатат партиципацијата, но тоа  никогаш не се прави на штета на здравјето на детето. Ова е проблем на чие решавање повеќе треба да работат социјалните институции во државата“, укажува д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје.

    Од „Лил” го потенцираат најновиот случај на бремена жена, мајка на две деца, која морала да остане во болница со нејзиното двегодишно болно дете. Медицинскиот персонал бил сосема коректен и професионален за време на лекувањето на детето, но кога мајката немала пари да ја плати партиципацијата од таму ѝ рекле дека досега не се случило некој да не им го  плати долгот и дека бремената жена и детето ќе мора да останат во болница додека не ги обезбедат парите.

    „И во присуство на нашиот претставник, од администрацијата на болницата повторија: ‘Додека мајката не плати, ќе мораме да ја задржиме’. Ова е нова практика со која се соочуваме. Досега, доколку не се платеше партиципацијата, не се издаваше отпусното писмо или пак се потпишуваше изјава дека лицето се обврзува по одреден период да го плати долгот. Долгот на бремената жена, се разбира, го плативме, но се прашуваме дали ова е нова практика на болниците за наплаќање на партиципацијата или само испразнет болнички кревет за кој ќе се наплатат пари од Фондот за некој ден повеќе“, вели Јашарова.

    Таа додава дека годишно ја плаќаат болничката партиципација за десетина случаи и дека преку директните контакти со социјално загрозени семејства веќе пет години работат на создавање на база на податоци за да со факти ѝ докажат на државата дека има потреба од дополнување на член 34 од Законот за здравствено осигурување, со кое и лицата со социјален ризик би биле ослободени од плаќање на партиципацијата за здравствено осигурување.

    „Сакаме да промовираме поддршка и да градиме пријателство со институциите за да се реши проблемот. За одреден број случаи испративме и претставки до Народниот правобранител. Оваа институција е секогаш отворена за соработка, но имаме и случаи кога странката не сака да превзема каква било правна акција поради недоверба во институциите, па  нивните сведоштва само ги евидентираме, за да можеме во иднина да го застапуваме нивниот проблем на повисоко  ниво. Засега, би биле задоволни ако повеќе општини го следат примерот на Град Скопје и Општина Карпош, кои преку нивните одделенија за социјални прашања од лани ни одобруваат средства за поддршка на овие ранливи групи“, потенцира Јашарова од „Лил”.

    Болниците можат долгот да си го наплатат преку суд или да бараат друг начин, но не смеат да го задржат отпусното писмо во кое се посочени субспецијалистичките насоки до интернистот или до матичниот лекар како да продолжи понатамошното лекување на пациентот, потенцира Васка Бајрамова Мустафа, заменик на Народниот правобранител (Фото: СДК.МК)

    Болниците можат долгот да си го наплатат преку суд или да бараат друг начин, но не смеат да го задржат отпусното писмо во кое се посочени субспецијалистичките насоки до интернистот или до матичниот лекар како да продолжи понатамошното лекување на пациентот, потенцира Васка Бајрамова Мустафа, заменик на Народниот правобранител (Фото: СДК.МК)

    Кај Народниот правобранител има многу мал број претставки од физички лица и НВО за оштетени права на граѓани поради неплатена болничка партиципација. Од нивната анализа произлегува дека болниците најчесто го задржуваат отпусното писмо сѐ додека пациентот не ја плати партиципацијата, што е апсолутно кршење на нивното право на здравствена заштита. Овој проблем е нотиран во неколку годишни извештаи на Народниот правобраните во кои е констатирано сериозно кршење на правото на  болниот, оти и Законот за здравствена заштита и подзаконските акти ја предвидуваат обврската да се даде отпусно писмо за да може  болниот да продолжи со лекувањето по излегувањето од болница.

    „Болниците можат долгот да си го наплатат преку суд или да бараат друг начин, но не смеат да го задржат отпусното писмо во кое се посочени субспецијалистичките насоки до специјалистот или до матичниот лекар како да продолжи понатамошното лекување на пациентот. Нашите укажувања во болниците се прифаќаат, но најчесто важат додека не дојде нова управувачка гарнитура со која мораме одново да се убедуваме. Неретко, правото на здравствена заштита не се остварува и поради неинформираност на болниот и на невладините организации. Во Законот веќе е предвидено ослободување од партиципација на хронично болните кои во текот на годината плаќаат партиципација повисока од 70 отсто од просечната плата. Можеби овој лимит треба да се намали или да се прошири членот 34, но за тоа е потребна сеопфатна анализа, да се излезе со бројки и да се каже толку граѓани не можат да го остварат правото на здравствена заштита, толку граѓани не се здравствено осигурани. Овие бројки ги нема ни Министерството за здравство и затоа имаме граѓани со оштетени права“, вели Васка Бајрамовска- Мустафа, заменик на Народниот правобранител.

    Таа додава дека понекогаш работата им ја отежнува и неукоста на невладините организации. Од една невладина организација добиле претставка дека болен човек не бил повторно хоспитализиран поради тоа што не ја платил партиципацијата за претходното лекување во болницата. Била покрената постапка, но Народниот правобранител добил докази од болницата дека пациентот бил примен и лекуван и покрај тоа што не му бил платен стариот долг.

    „Иако претставката де факто се базираше на невистина , ние сепак ја продолживме постапката зашто од одговорот од болницата добивме впечаток дека лекувањето го продолжиле од добра волја, а не затоа што тоа им е обврска по закон. Постапката заврши со укажување на Народниот правобранител дека, согласно Законот за заштита на правата на пациентите, овие ранливи групи во болниците мора да добијат целосен здравствен третман. Во спротивно, тоа е нарушување на едно од основните човекови права“, поентира Бајрамовска- Мустафа.

    С. М. ВАНКОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира