2001 – ‘БАТИ ГОДИНАТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:116:"ВоНоватагодинасоноваклетваДададегосподдатисеврати2001

    26 јануари
    Претседателот Борис Трајковски не гледа потреба да го свика Советот за безбедност. Вели дека државата функционира нормално. Лани, ова време во Арачиново ни отепаа тројца полицајци. Годинава, во Теарце, само еден и уште двајца повредени. Не само што е нормално, туку дури има и напредок. За напад на полициска станица, убиство на полицаец и за некакво соопштение од непозната организација која сака да ја имитира ОВК не вреди да се нарушува спокојството на претседалот кој треба да патува за Давос. Кога ќе се врати, ќе мора да оди и на молитвениот појадок во Вашингтон. Така што Советот за безбедност на Македонија може да почека додека не се случи уште нешто. Тогаш ќе треба да расправа Советот за безбедост на ОН.

    10 февруари
    На сите разочарани што до сега ги нема на списокот на прислушуваните Бранко им влеа нова надеж. Стрпете се. Анонимниот извор се јавува на секои две-три недели, со по седумдесетина нови имиња. Кај и да е, и вашето име ќе се појави. Изворот тече ли, тече… Аферата со прислушувањето стана поинтересна и од “Супер бинго”. Таму е се јавно. Игор им врти телефони на луѓето и сите ги слушаме што зборуваат. Во “Супер прислушување” пак, неизвесноста е поголема. Знаеш дека те слушаат, ама не знаеш кога ќе те објават и кој муабет ќе го изберат. Не си сигурен дали можеш да имаш верба во изборот на тие што слушале. Немаат слух. Оти, Бранко вели дека дека Доста му дала устен налог на еден началник, началникот ја повикал началничката, началничката им кажала да слушаат на прислушувачите… Тате на мама, мама на бате, бате на дада… Братот и сестрата ја завршиле работата. По овие обвинувања, Доста го врати ударот. Рече дека Бранко е вербален терорист. И за да не го уапси, тој замина за Германија. Бранко можеби навистина е терорист, ама тоа не значи дека Доста не прислушувала. А и не знае. Од каде да знае кога Бранко не и го кажува изворот. Сака да ја преведе жедна преку вода. Ама Доста е непреводлива. Таа ништо не признава. За одговорноста ќе каже пред Парламентот. Ако и даде Андов, зашто уште не закажува седница. Се ќе се знае кога ќе проговори сведокот. И кога ќе го заштитат. Засекогаш. Има различни начини за заштита на сведоци. На пример ќе оди на лов. И ќе замрзне. Или од необјасниви причини некој шлепер ќе премине на левата страна од коловозот. Или одеднаш, зеленото светло ќе стане црвено. Се расипал семафорот.

    10 март
    На почетокот беше најважно да се наполнат гласачките кутии. Со сила, со црни кошули, со пукање, со убиство во Кондово… Трајковски се занесуваше дека тој е клучниот фактор што ќе ги изразува интересите на сите граѓани на Македонија, без разлика на национална припадност. И дека затоа гласаат за него. Зашто многу го сакаат. Така му велеа Љубчо, Џафери, Доста и Тачи. Врховниот командант мислеше дека само ќе ги освојува зелените пазари во внатреш носта и ќе се слика насмеан пред камерите, кога не знаеше ни самиот што сака да каже. Сега наместо тезгите, треба да го освојува Танушевци. Арно ама, дојде времето за наплата. Луѓето што му ги полнеа со сила кутиите за тој да стане претседател сега дојдоа да си го наплатат долгот. И од него и од Љубчо и Доста и од Џафери и Тачи. Го гледавме циркусот со трампата на војниците, скандалот Асани, непристигнатата пошта од Германија за министерот за правда Насуфи. Ги снимавме погребите на убиените во Арачиново, Теарце, Танушевци и Рамно, утре веројатно и на полицаецот загинат во Брест. Се чудиме како можел личниот возач на заменикот министер за одбрана да пука во сообраќаен полицаец, исто како што се чудевме како возачот на заменикот министер за внатрешни работи се нашол во Кондово со оружје во багаж никот на службениот автомобил, а луѓе од обезбедувањето на шефот на државата на изборната тепачка во Охрид. Странските дипломати упорно ни велеа дека оваа Влада е добра затоа што ги релаксирала меѓуетничките односи, а тоа што длабоко влегла во криминал не било нивна работа. А ние се занесувавме дека којзнае каква идеологија е во игра. А тоа гол криминал. Е па сега, прашањето за цената повторно е актуелно. Дали веќе доволно плативме, или дилот меѓу Љубчо и Џафери вреди многу повеќ е.

    24 март
    Е па драги мои, дојде време да се плати сметката. Колку чинеше “Хард рок”, кој го пушти Аце Циганот по првото гангстерско убиство во строгиот центар на Скопје, кој го правдаше трампањето на четворицата војници на АРМ киднапирани кај Танушевци со Џавид Асан, како Насуфи ги изгуби документите за екстрадиција на Фазли Велиу… Кога криминалот се продава за човекови права, тогаш доаѓа ваква сметка. Дали ќе бидеме Босна, Косово, Либан, Талибан, или Израел, веќе е сеедно. Сите сме заложници на криминалци. Само што ние ќе ја плаќаме сметката, а тие веројатно ќе избегаат. Само, каква среќа сме, ќе ни ги вратат назад.

    21 април
    Па добро, ќе ја биде ли еднаш таа голема коалиција? Дај да го видиме и тоа чудо, па да си се вратиме на старите афери. Додека Бранко и Љубчо се караат за министерски места, ќе заборавиме што се видовме за време на нивното владеење, па на крај пак ќе ни се видат добри. Баш би сакал да ги видам запалените социјалдемократи од една страна и револуционерните ВМРО-вци од друга страна, како заедно се сложуваат околу идните потези на големата коалиција. Да се сетат само како им беа зацрвенети лицата од возбуда кога се караа едните за Љубчо, а другите за Бранко. А тие ти имале ист газда. И оди после гласај. *** Туку, овие од СДСМ велат дека Георгиевски не бил сериозен во преговорите за голема коалиција и само купувал време. Добро утро Бранко! Ем вмровчиња, ем мангупч иња. Бранко личи на очаен патник кој застанал на шалтер да си купи билет за брод. Билетите се продадени одамна, а тој запнал да се качи. Бродот се вика “Титаник”. Капетан Љубчо на патникот му вели “Нема место”, а Бранко упорно се турка на шалтерот и не му дозволува на Љубчо сам да потоне. Во македонската верзија на “Титаник”, Бранко ја има улогата на Леонардо ди Каприо. Меѓу привилегираните патници, кои платиле полна цена да се возат во луксуз е Доста Димовска. Таа е македонската Кејт Винслет. Без неа нема филм. Исто како што без Доста ни Љубчо ќе беше капетан, а богами ни “Титаник” ќе потонеше. Тоа го признаваат дури и во СДСМ. Бучковски рече дека Доста може да остане и во новата влада, само да не биде министерка за внатрешни работи. Ете колку тежи Доста во големата коалиција. И во новата Влада таа ќе го носи најголемиот товар. И после ќе се чудиме зошто тоне “Титаник “. Лео ди Каприо го снемува, Кејт Винслет останува на површина. 19 мај Секој терорист би посакал да има ваква власт. Тие по државата со зољи, државата по нив со претседателски проповеди. Тие со бестрзаен топ, државата со летки. Претседателот против терористите се бори на мирен начин. Кога врховниот командант ќе издаде наредба: “Пушти летки!”, терористите смрзнуваат од страв. Среќа што и летките ги пушта разумно и пропорционално, како што ќе му кажат Хавиер Солана и Ана Линд. Немаме многу хартија за трошење. По успешниот десант на летките во кумановско, претседателот излезе среќен пред јавноста дека офанзивата успешно напредува. Сега ќе го пофалат на запад. Борче пушти летки, ќе ти дадат петки.

    2 јуни
    Мали огласи Менувам два чесни Албанци, за пет просечни Македонци. Шифра: МАНУ Менувам нива во Полог, за камењар во Пустец. Шифра: Академик Менувам Преспански јаболка за тетовски грав. Ми треба позитивна енергија: Шифра: Али Ахмети Менувам добра идеја во Скопје, за удобна фотеља во Пешкопеја. Шифра: Андов

    21 јули
    Ситуацијата во Македонија е стабилна. Животот тече нормално. ДПА секој ден освојува по дветри села. ВМРО-ДПМНЕ секој ден освојува по две-три фирми. Кога ќе им тргне и по некоја банка. СДСМ и ПДП гледаат сеир и чекаат да им дојде редот. Одамна ништо немаат земено. Треба нешто да се обнови. Треба да се оплодува капиталот од пред Промените. Сега се сведени на проста репродукција. Оваа држава била многу богата. Штом уште има да се краде.

    10 август
    Доцна е за војна со терористите. Војна требаше да има тогаш кога Љубчо не убедуваше дека црните униформи во Танушевци се параноја и измислица на новинарите. И кога Борис се радуваше на победата што му ја спакуваа Љубчо и Џафери. И кога Ајник, Тешеира, Дикинсон и компанија од петни жили се трудеа да ја спасат коалицијата на Љубчо и Џафери. Не знаеме дали имало некаков документ што го извадил Пердју. Не знаеме и дали баш се е светска завера како што ни кажуваат. Ама многу добро знаеме дека единствената цел на овие што сега се на власт им е да останат на власт по секоја цена. Џафери си обезбеди официјален јазик во делот што ќе му припадне нему. Ама се прашувам, во која ли држава ќе владеат Љубчо и Бранко и на кои терени Борис ќе тренира тенис. Што убава приказна ни имаа спакувано. Ќе одиме во Европа, ќе не примат во НАТО, ќе бидеме пример на добро средени меѓуетнич ки односи, ќе градиме пазарно стопанство во демократија од западен тип… Готово е… Крај на приказната.

    18 август
    Многу убаво нè учат и Европа и САД. Единствената лекција што ја научивме од потпишувањето на мировниот договор во Охрид е дека со криминал се добива сè што ќе посакаш. По шестмесечна војна албанските терористи постигнаа успех, спротивно на сите принципи на демократска Европа. Ако нешто не ти се допаѓа, земи оружје и пукај. Сакаат, не сакаат, мора да ти дадат. Колку смешно изгледаат оние табли што треба да го рекламираат универзитетот на Штул, што на различни јазици ни порачуваат: “Само образованието е сила”. Наместо, “само оружјето е сила”. Затоа што борбата за образование оди заедно со минофрлач, или барем нагазна мина. Е па, и военото образование е некакво образование. Брат Љубе тоа добро го знае, па затоа од темнината на скопскиот аеродром, пред божем киднапираниот авион во спотот на МВР ни порачува: “Биди тигар!” Зашто, како што вели авторот на текстот, “Македонија војувала, војува и ќе војува”. Што е прилично оптимистичка порака. Биди тигар и кариерата ти е обезбедена.

    25 август
    Македонецот е горд. Научен е да трпи. И снаодлив. Голема работа што сега до Охрид мора да се патува преку Битола, наместо преку Кичево. И таму планини, и таму пламини. Ваму Плетвар, таму Стража. И многу важно што ќе попатуваме некој саат повеќе. Времето ионака работи за нас. Се сеќавате кога последен пат сте одмарале на Плетвар на патот за Охрид? Само повозрасните паметат кога до Охрид се патуваше по пет часа. Треба и помладите да го доживеат тоа чувство. Башка, какви ребра има на Плетвар, такви мекици на Стража никогаш немало. А и ОБСЕ не мора да ти гарантира безбедност. Значи и Џиков може слободно да помине.

    15 септември
    Несреќата на големите изгледа најголема на свет. Додека не се случи хоророт во Њујорк и трагедијата во Вашингтон, САД нè убедуваа дека има добри и лоши терористи. Овие нашиве се добри, нивните се лоши. Во што е разликата меѓу уривањето на мотелот “Бриони” во Чегране и близначките во Јужен Менхетен. Во бројот на катовите и бројот на жртвите. Помала држава, помалку жртви. Ама монструозноста е иста.
    ***
    Љубе Бошковски рече дека македонските синови и ќерки со голи гради ќе ја бранат татковината. Ај, синовите не се толку шокантни. Ама, замислете колку ќе се шокираат учките кога ќе им се појават одбраните македонски ќерки со голи гради. Во прв ред Доста Димовска, а зад неа Илинка, Ганка, со пешадиска поддршка на Радмила Шеќеринска и \улистана. Вака би изгледала женската патриотска фаланга, според голите гради. Доста како тешка артилерија, што тетовци не ја пропуштаат на Колтук. Зад неа Илинка “Биди тигар”, за десантни упаѓања, а Ганка и Шеќеринска како кашикари мали, ама убоити. Топлес во Шипковица. Шипковицо, падни ми на бели гради \улистана не мора да се соблекува. Доволно е само уста да отвори. Како митралез е. Зборува рафално. А отвори уста цела ОНА г’з преку глава ќе се разбега. Не само оружјето, и униформите ќе ги остави.

    29 септември
    Учките му пишале писмо на Осама бин Ладен. Осама, ние сме со тебе. Не се предавај. Продолжи да се бориш за човекови права. Шипковица те чека. Дури и “ауди” и “џип” имаме. Дојди си кај нас, најбезбедно е. Овде сите ги амнестираат.

    10 ноември
    Бранко е добар по душа, па кога тргна да спасува се што има да се спаси, не ја заборави дури и наставнич ката по марксизам од гимназија. Што убаво и дојде на Доста, што нејзиниот ученик толку инсистираше Љубчо да ја тргне од владата. А баш крваво и почна мандатот. Само што стана министерка за внатрешни работи и отепаа тројца полицајци во Арачиново. Па пукаа бомби по судовите и полициските станици. Арно ама, светецот Бранко ја спаси од маките и и ги прости гревовите. Па, така на Доста и ја заборавивме аферата за прислушувањето. Никој повеќе не ја прашува за Танушевци. Ја нема ни во приказните со Војо Михајловски, Ламбе Арнаудов, Драган Даравелски… Ден повеќе во Владата, уште една фирма повеќе во владение на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи фирми веќе не останаа, се свртеа и на болниците. И така ја тргнавме на страна главната дама во партијата. Едноставно, ја заборавивме. Благодарение на Бранко, Доста остана невина.

    1 декември
    Претседателот Борис Трајковски следниот пат треба да му го даде мандатот за состав на нова влада на Амди Бајрам. Затоа што човекот е барем чесен. Искрено си кажува: “Кој е на власт, ние со вас!”. Премиерот Бајрам можеби не се снаоѓа со проценти, ама проста математика знае. Јас сум ВМРО-ДПМНЕ, ти си СДСМ. Тоа ти е како 1плус 1, еднакво на 2. Бадијала овие другите ни се претставуваат дека напорно работат за државата, дека се жртвуваат во име на народот, дека нивната мисија е по барање на меѓународната заедница, дека имаат идеали, морал, чист образ, цврсти политички ставови… Дами и господа, Амди Бајрам е цар за вас. Сите ве демаскира. Јас не гледам разлика меѓу неговото однесување и вашите функции. И намерно не ви ги споменувам имињата. За да не го навредам господинот Бајрам.

    22 декември
    Колку е се релативно. Падна еден снег и се заборавивме. Паднаа снегови, покрија трагови. Тоа што десет месеци имавме војна, не значи ништо во однос на проблемите што ни ги направи снегот. Да не ни е Борис, кој секој ден ни дава нови амнестирани терористи, војната ќе ни беше веќе далечно минато. Ако терористите не се убиваа меѓу себе за грабежи од нивните народни пари, ќе заборавевме и нашиве колку украдоа. Туку, нека се моли владата да потрае поларнава зима што подолго. Да останат смрзнати сите нивни глупости. Снегот не само што не затрупа, туку и Македонија ни ја стесни. Ај што западна Македонија ја изгубивме уште пролетта, туку сега ја изгубивме и источна. Со денови источ на Македонија е отцепена. Граница Групчин. Граница Лозово. Држава, дали сакаш… За утеха, од Сан Марино уште сме поголеми. За Андора не сум сигурен. Којзнае што уште може да ни се случи зимава. Завеани, однесени… Само, мора да сме оптимисти. Во секоја несреќа мора да има и среќа. Од кај знаеш, можеби кога ќе се стопи снегот, ќе ја има уште Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари