2003 – ГОЛИ ПИШТОЛИ

    14 февруари
    Бранко по повод стоте дена од неговата влада даде интервју и ни кажа дека водата не ја фаќа новата даноч на стапка. Ние сме биле неписмени и не сме знаеле дека водата е храна. Тоа значи дека во Македонија нема да има глад. Ако нема леб, ќе јадеме вода. Ова ќе биде општество на изобилие на храна. Како што се изнаврна годинава, ќе се здебелиме од вода. За добра линија ќе мораме да држиме диета со леб. Единствено ми е страв како ќе биде во Прилеп, ако кичевчани пак не им ја пуштат водата од Студенчица. Во Прилеп ќе настане хуманитарна криза. Прилепчани ќе умираат од глад. Ќе немаат вода за јадење. Убедувајќи нè дека покачувањето на даноците е за доброто на сите, Бранко нè убеди и дека водата е за јадење. А за да ја проголтаме полесно приказната, додека џвакаме вода, ќе пиеме нафта.

    18 февруари
    Сега, кога Македонија заедно со САД ќе го нападне Ирак, претседателот Борис Трајковски ќе се искупи за сите битки што досега ги изгуби за Македонија. Претседателот што не ја контролира територијата на својата држава сега ќе го контролира Ирак. Арно ама, Колин Пауел дал валидни докази. Тоа што ќе го каже Пауел, за Борис е закон. Тој не знае што оружје има во Тетово, ама знае што има во Багдад. Борис веќе не се занимава со локални жаришта како што е Македонија. Тој тероризмот глобално ќе го уништува. Не за џабе неговиот портпарол ни кажа дека за безбедносната ситуација во државата претседателот не е компетентен, туку полицијата. Борис е компетентен за Ирак. Тој не е компетентен за Македонија.

    1 март
    Дупките во домашното воспитување на децата ќе ги покриваат полицајците со тоа што ќе ги затвораат кафеаните. Државниот секретар на МВР Радивоје Јовановски пред некој ден велеше дека уште пред пет-шест години тие спровеле акција на рано затворање на кафулињата, ама тогашната опозиција ги организирала младите да се преселат на падините на Водно. Со чии возила, младите одат на Водно? Татковците ли им ги дале колите, или ги украле додека полицајците контролирале бандероли? Со чии пари малолетниците купуваат алкохол во гранапчињата? Или, не даваат пари, туку се запишуваат на рабуш на сметката на нивните родители. Колку може полицијата да води сметка за децата, покажува случајот кога ни нивниот Веруш евски не можеше да си го сопре малолетниот син да му ја земе службената кола и да ја удри. Кој ги облекува малолетните девојчиња со мрежести чорапи да личат на проститутки? Кога мајката ќе си ја пушти ќерката така од дома, полицијата ли треба да ја преслекува? И кој плаќа пари да му се направи песна на деветгодишно девојче кое преправено во естрадна ѕвезда на “Сител бамбини” и “Златно славејче” пее дека не ѝ требало дечко!? Родителите велат дека им купуваат мобилни на децата за да ги контролираат. Им ѕвонат среде ноќ за да проверат каде се. Ако не им се јават, може се убиени. Од синот на некој што покрај мобилка, на детето му купил и пиштол.

    15 март
    Бидејќи во Македонија само од министерот за полиција зависи кога си легнуваме, лично би сакал да го замолам господинот Костов да ни попушти барем еднаш во годината. Оваа година, 31 декември се паѓа в среда. Хари, те молам дозволи ни барем да си ја честитаме Новата 2004 година, пред да се прибереме дома. Направи ја средата петок.

    22 март
    Одвај чекам да заврши војната во Ирак. За конечно да се покаже силата на Македонија во светската антитерористич ка коалиција. На Ирачаните ќе сме им требале во постконфликтниот период. Ние сме специјалисти за постконфликтни ситуации. Конфликти не нè интересираат оти однапред знаеме кој ќе победи. Борис пак ќе се појави со иницијатива на претседателот и на Ирачаните ќе им смисли Рамковен договор. Неговиот портпарол Борјан тоа ќе го документира со репортажа “Багдад една година потоа”. Бучковски ќе прави реформа на армијата и ако треба и ќе ја облекува со панцирни елеци. Министерот за економија Илија Филиповски конечно ќе ја откачи ОКТА и директно ќе влече нафта од рафинеријата во Басра. За инает на Андов. Радмила Шеќеринска ќе го внесува Ирак во Европа. Таа ќе има лесна задача оти попрво Ирак ќе влезе во ЕУ, отколку ние. А Ристо Пенов ќе биде администратор на Багдад и ќе биде задолж ен за обнова на градот. “Урбан инвест” ќе го добие тендерот за поплочување на централниот градски плоштад. Хари Костов ќе патролира по чајџилниците и ќе ги затвора на време. А Бранко? Тој нема ни таму да се појави.

    12 април
    Зошто Трајковски ја помилува Доста за прислушувањето? Затоа што како шеф на државата навистина сака да биде претседател на сите граѓани. Во секое време да знае што зборуваат. Ама и тој беше прислушуван. И сега пак го одобрува прислушувањето. Зошто? Затоа што сака и самиот себеси да се преслушува. Оти не знае што зборува.

    14 јуни
    Пред една година Али Ахмети ветуваше дека ќе научи да зборува македонски. Или е лош ученик, или во меѓувреме сфати дека не му треба.

    12 јули
    Кога министерот за финансии Петар Гошев ќе ни каже дека работата добро ни оди, веднаш ми се поправа расположението. Затоа што јас не сум како некој од оние поединци што се жалат дека економската состојба ни е сè полоша. Јас се потпирам на статистиката. Си го гледам БДП-то што се покачило за 2,2 отсто и веднаш сфаќам дека иако ништо не работи, ситуацијата ни е одлична. Убаво ни кажа министерот: “Има перцепција од поединечното кон општото и на ниво на општото собирање на сите движења, статистиката собира сè што се случило и покажува дека индустриското производство е поголемо за 4,3 отсто во првите пет месеци, и дека БДП во првиот квартал има пораст од 2,2 отсто”. Значи, поединечно ни е лошо, ама глобално ни е убаво. Ние живееме сиромаш но, ама во колективна убавина. Министерот не може да биде одговорен за расположението на секој поединец. Поплаките за лошата економска состојба се поединечна перцепција. На два милиона луѓе. Ама, што се два милиона луѓе во однос на два отсто поголем бруто-домашен производ.

    9 август
    Илинка има работен одмор. На покривот на мерцедесот монтирала багажник и ги шета плочите од АСНОМ. Развива планински туризам. Прави обиколка на караулите на македонскосрпската граница за на време да обезбеди место каде што в година ќе се одбележ ува Првото заседание на АСНОМ. Илинка, како дама, овој пат шета сама. Со себе не го води Никола Поповски. За талпи се задолжени други. А Чашуле не ни може да го најде. Тој на караулата доби идеја за нов трансфер. Размислува да премине во српски попови. Тие се посилни и од ВМРО-ДПМНЕ. Бранко не оди на одмор. Си чува денови. Тој ќе оди на одмор на 15 септември. За стогодишнината на Илинден на Мечкин Камен се појавија и потпретседателот на Бугарија и потпретседателот на Собранието на Србија и Црна Гора. За и по сто години да им покажеме дека за држава не нè бидува. Освен што поетите имаа генерална проба за “Струшките вечери на поезијата”, сето останато во Крушево беше во знакот на коњите. Тие оставија лепеш ки.

    20 септември
    Во Македонија има интервентен увоз на микроскопи. Бидејќи станува збор за национален интерес нема да има тендер, туку микроскопите ќе бидат набавени со непосредно договарање. Не скокајте веднаш. Немојте да мислите дека некој пак ќе земе провизија. Микроскопите се за наше добро. За да ги видиме резултатите од едногодишното владеење на Бранко и Ахмети.

    4 октомври
    Вчера слушнавме уште една утешна порака од премиерот. Бранко ни рече дека свесно ја води оваа политика, ама е убеден дека таа ќе даде резултати на крајот од мандатот. Прво ни велеше дека оваа година ќе ја оправа безбедносната ситуација, а во 2004 година ќе ја фати економијата. Сега ни вели да почекаме до 2006. СДСМ беше 8 години на власт и 4 години во опозиција. Им требаа 12 години да станат свесни дека ни е лошо. Уште колку години ќе чекаме за да се освестат дека нешто треба и да направат за да ни биде подобро? Бранко мора да каже дека работи свесно. Замислете да кажеше дека не се ни свесни што прават. Свесни или несвесни, не гледаме дека нешто прават. Како мислат да ја дочекаат 2006-тата? Ем свесни, ем без напор. Со вакво свесно работење до крајот на мандатот, Бранко може да постигне само еден резултат. Да го врати Љубчо.

    29 ноември
    Го убија Поштарот во полициска акција… Дали за акцијата во Карпош го известивте коалициониот партнер? Дали ДУИ даде согласност за акцијата? Или, нив не ги интересира кога се апсат Македонци? Дали ОБСЕ ја оцени акцијата како регуларна и во согласност со Рамковниот договор? Каде се соопштенијата од НАТО, ЕУ и САД? Дали полициската единица која ја поставувала заседата била од мешовит етнички состав? 20 декември Бранко му даде на Али Ахмети сè што посака. Нови граници на општините, нов закон за државјанство, уште еден универзитет… Што остана уште? Референдум. И да ни каже кога да си ги спакуваме куферите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари