2011 – НАША БАНДА, ВАША БАНДА

a:2:{s:14:"td_primary_cat";s:2:"21";s:11:"td_subtitle";s:313:"Толкусезаробенивосвојотсветна"наши"и"ваши",штомислатдекавоМакедонијаможедасеубиеидете,аникојданесмеедасепобуни,освенаконееорганизиранодпартија

    8 јануари
    Откако чуварите на моралот во ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од идејата да го сменат законот со кој ќе се искомплицира постапката за абортус, во Владата смислија нова кампања. Од Нова година оди реклама со објаснувања за последиците од абортус. Мислам дека за некои од нив, заради баланс, треба да се смисли уште една кампања. Таа ќе предупредува на последиците од неабортирање. Оти некогаш последиците од неабортираните, можат да бидат, исто така, големи. И страшни.

    12 февруари
    Ние добро знаеме дека Груевски многу умешно владее со купување на наклонетоста на медиумите. Малку телефонски јавувања и пораки преку мобилни телефони, малку закани со судови, малку толерирање криминал и нелојална конкуренција, малку криење документи по фиоки, малку врбување полициски доушници меѓу новинарите и малку повеќе државни пари за реклама… Меѓутоа, страшно е сознанието дека единствената понуда која Бранко има да ја даде за иднината на Македонија е А1 на Велија Рамковски. И ако тоа е единствената алатка на која опозицијата се крсти за да се врати на власт, тогаш дај да го затвораме дуќанот и да се селиме

    5 март
    Стварно, зошто си го губиме времето со беспредметни дискусии? Веројатно затоа што во Македонија ние не ни имаме предметна дискусија. Стапката на сиромаштија е 30 отсто, стапката на невработеност е 30 отсто, а божем тие што работат за 200 евра месечно не се сиромашни. Освен што се рециклира глупоста за името, во Македонија во последниве 20 години ништо не се случува. Две банди се караат, а ние будно ги следиме.

    11 јуни
    На почетокот на јануари 2008 година, кога нé подготвуваа за кампањата за трето дете, сум се зафркавал со еден прилог на вести на телевизија. Одеше прилог за намалениот наталитет во Македонија, и новинарката го велеше ова: “За да се одржи проста репродукција, демографите велат дека секое семејство треба да има три деца. Едно дете за мајката, едно за таткото и едно за државата”. Е па државата дојде по своето. Убаво е тоа што полицајците добиле упатства за време на изборите да бидат насмеани, да не пијат по кафеани, да не пушат на јавни места и да им помагаат на граѓаните околу избирачките места. Ама не добиле упатства да не убиваат деца. Страшно е тоа што специјалец уби дете. Уште пострашно е што полицијата цело деноноќие го забошотуваше случајот. Ама најстрашно е што власта не ја научи лекцијата. Зошто? Наместо да си ја чукнат главата и да најдат одговор на прашањето: “Зошто дојде до ова?”, тие цело време се занимаваат со спинувањето на настанот, со обвинувања до медиумите дека СДСМ им ги нарачувал текстовите, со праќање емисари да ги замолчат и семејството и медиумите, со рецензии од типот: “Фин ви е текстот, ама не ви чини насловот”… Ај олабавете малку. Ете, реформите ќе продолжат, му кажавте збогум на Бранко, заборавете малку на партијата, престанете да ги барате виновниците само кај тие што не мислат како вас. И не туку обвинувајте дека некој намерно го политизира ова страшно убиство. Оти политизирањето не почна вечерта по победата на изборите. Почна многу одамна, кога партиски војници ја заробија полицијата. И за тоа што полицијата е дојдена до ова дереџе не е крива само власта туку и опозицијата, оти и двете најголеми партии не сакаат да има цивилна контрола врз полицијата. Ова убиство на најбрутален начин откри дека најзагрозена од полицијата, всушност, е самата полиција. Таа е киднапирана за партиски интереси и ако сега нешто радикално не се смени, така ќе биде постојано, без оглед кој е на власт. А ако биде така, ќе треба да се раѓа и повеќе од трето дете. За да се насити државата.

    25 јуни
    Како што продолжуваат протестите, зачудува упорноста на Владата и нив да ги претстави како партиски организирани. Дури се обидоа да организираат и контрапротест, како што правеа со тутунарите, лекарите, со стечајците… Толку се заробени во својот свет на “наши” и “ваши”, што мислат дека во Македонија може да се убие и дете, а никој да не смее да се побуни, освен ако не е организиран од партија.

    23 јули
    Оваа недела се изнагледав сеир во Собранието. Си уживав додека гледав како најголемите патриоти и борци за македонш тината ја бранат и ја гласаат амнестијата за воените злосторства од 2001 година. И им се чудев на умот на оние што во 2001 година ја спраштија на плажите на Халкидики и гледаа како најбезбедно, преку Плетвар, да стигнат до Охрид, како сега запалено ги бранат македонските национални интереси. Ова е пример за во учебник, со кој се покажува дека зборовите политичар и морал не можат да се најдат заедно во ист контекст. Ова е само уште еден пример што сé се прави за да останеш на власт и што сé си подготвен да направиш за да се вратиш на власт. За даночно затајување се лежи по седум-осум месеци во затвор уште во истрага. Ама кога треба да казниш некого што дигал во воздух чувари на мотел врзани за столб, некои што киднапирале и убивале цивили и малтретирале работници, тогаш тоа се решава со автентич но толкување на законот. Туку да не правиме веќе муабет за тоа, за да не си скориваме јадови. Ако единствениот хашки осуденик Јохан Тарчуловски нема ништо против амнестијата за таканаречените хашки предмети, тогаш не знам зошто сите ние би имале против. Кога тој, што 12 години ќе скапува во затвор како единствен виновник за несреќниот конфликт од 2001 година, не само што не се жали туку му пишува писмо на премиерот да ги заборави злосторствата на тие од другата страна, тогаш зошто би се бунеле овие што седат во пратеничките фотелји? Единствено ми е криво дека во историјата ќе остане запиш ано оти само Македонците биле геноцидни и правеле зулуми. Оти само на Македонец официјално и судски меѓународно му е заверено некакво злосторство.

    6 август
    Ние сега треба да се скандализираме од сознанијата кој е кодош. А притоа не треба да се скандализираме од начинот на кој Комисијата за лустрација ги прогласува кодошите. Ај што при изборот на Комисијата во Собранието за секој член се знаеше која партија стои зад него туку и Комисијата со партиските членови одлучува со надгласување. Некои бегаат од седница, а некои болни ги носат од дома за да направат кворум и да гласаат. Па така може да се претпостави и од која партија ќе бидат лустрираните. Притоа на претседателот на Комисијата Томе Аџиев уште од февруари му е истечен мандатот. Тој бил предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а сега идел ред за претседател од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку ноќ автентично го истолкуваа Законот за амнестија, сменија закон за употреба на јазик и за знамињата, ама немаа време за смена на претседателот на лустраторите. Затоа што тоа не е приоритет на новиот, како што не беше приоритет ни на стариот парламентарен состав. Баш ме интересира како членовите на Комисијата гласаат врз основа на некој документ. Како изгледа тоа? Сите имаат црно на бело пред себе, ама кај некого е поцрно, а кај други не е толку црно. Врз основа на кои факти некој вели дека некој е кодош, а други, врз основа на истите факти, велат дека не е кодош? Законодавците повлекоа нога толкувајќи го автентично Законот за амнестија за злосторствата во 2001 година. Па сега секој си има право автентич но да си ги толкува законите. На еден вака му се гледа, на друг така. Не слушнав дека СДСМ нешто се побуни. Море, не да се побуни, туку да покрене некаква процедурална акција. Ама и тие се исти. И тие чекаат кога ќе дојдат на власт, ним да им дојде редот да лустрираат. Па после ќе викаат: “И вие така правевте”. Не за џабе во генетскиот код на Македонецот е запишано: Од двајца Македонци, тројца се кодоши. Оти секој Македонец е кодош и пол.

    24 септември
    Ако кажеш дека многу ти се допаѓаат новите градби во Скопје, ти си ептен ВМРО-вец. Ако кажеш дека не треба да се гради туку парите треба да се потрошат за нешто друго, тогаш си комуњара. А ако кажеш дека е добро што се гради, ама баш и не ти се допаѓа тој стил, тогаш или си ВМРО-вец или комуњара. Зависи кому си кажал. Ако се одушевуваш на споменикот на Александар, тогаш си патриот. Ако немаш ништо против Александар, ама ако кажеш дека споменикот е кич, тогаш си предавник. А ако кажеш и дека си против Александар, тогаш си суперпредавник. Ако се радуваш на успехот на кошаркарите во Литванија и закачиш државно знаме на балкон, тогаш си Македонец. Ако ги славиш кошаркарите и ја пееш “Гоцевата раса”, тогаш си Супермакедонец. А ако споменеш дека за освоено четврто место Владата изрежира исфорсирана приредба, тогаш си Антимакедонец зрел за протерување од државата. Затоа најдобро да си молчиш. Да се правиш дека не си од тука. Којзнае, можеби да не живеевме тука, ќе ни беше смешно.

    1 октомври
    Да сум на местото на Груевски, не би бил многу среќен со ваква очајна опозиција. Тој, навистина, не треба да се плаши од овој СДСМ. Се виде дека не треба да се плаши ни од Бранко. Ама кога си толку долго на власт, треба да се плашиш од своите гладни усти. Кога тогаш и тие ќе побараат да јадат.

    15 октомври
    Како и да е, реформите продолжуваат. Еве што соопшти вчера Министерството за правда: “Утре во националната арена ‘Филип Втори’ во Скопје ќе се организира фудбалски натпревар меѓу судии, јавни обвинители и адвокати. Судии на мечот ќе бидат лица од естрадата. Преку оваа средба, симболич но ќе бидат претставени реформите на судскиот систем кои ги спроведува Владата на Република Македонија”. Ќе прават палјачовци од судиите и од обвинителите, само за да ни покажат дека има реформи во судството. Оваа манифестација ја организира Министерството за правда. Да беше ова “Монти Пајтон”, оваа манифестација ќе ја организираш е Министерството за глупаво одење.

    22 октомври
    Што имам јас како обичен граѓанин од тоа што премиерот ѝ се лути на Европа? Ние не сме го избрале да се лути. Сме го избрале да воведе европски стандарди на живеење. И јас сум скептичен за многу работи, па и за Европа. Божем не ја знаеме Европа, па требаше Груевски во серијал од две продолженија на интервју за државната агенција МИА да ни кажува колку таа е неправедна. Не за џабе цело време за Европа викаме дека е курва. Не сфатив само дали премиерот е лично разочаран од ЕУ по добивањето на годишниот извештај од Европската комисија. Или сака и нас да нé пишмани? Јас, на пример, сум разочаран од ЕУ уште од Лисабонската декларација во 1992 година, кога тогашната Европска заедница донесе резолуција дека не смее да се признае држава која во нејзиното име ќе го содржи зборот “Македонија”. И разочараноста уште ме држи. Особено што сега во извеш тајот веќе не го ни споменуваат зборот кој не смее да се изговори. Евроскептицизмот не е забранет. Евроскептицизмот не е лош за една демократска расправа. Затоа и овие што му се лутат на премиерот Груевски дека е евроскептик, ја промашиле темата. Не е проблем што премиерот е евроскептик. Проблем е што го злоупотребува евроскептицизмот за да си најде оправдание за домашното што не си го завршил. Оти пред пет години му се даде шанса да направи вистинска правна и демократска држава, а тој направи длабоко партизирано општество. По пет години веќе не може Бранко да биде виновен за тоа. Сега нека биде Европа. Типична македонска работа. Помакедонска здравје. Сé некој мора да ни е виновен. Од султанот, преку Тито и партизаните, до Брисел. Ај да замислиме дека ЕУ ќе ни се смилува и оти од утре не само што ќе добиеме датум туку и ќе станеме членка. Еве, дури и денарот да го замениме со евро. Ќе живееме подобро? Ќе добиеме правда на суд? Нема да умреме во чекалница во јавна болница, пред да стигнеме до лекар? Тендерите ќе ги добиваат и оние од партијата што не се на власт? Или ќе може да го добие и некој што не е врзан со ниедна партија, ама има најквалитетна понуда. Конечно, Европа ли ни е виновна што не можеме еден попис да направиме?

    26 ноември
    Лустрацијата е многу сериозна работа. А богами и главниот лустратор Томе Аџиев многу сериозно изгледа. Кога дава изјави. Законот е јасен. За да се докаже дека некој бил кодош, треба да има писмен доказ со потпис за соработка на осомничениот. Арно ама, Аџиев е темелен и бара и други докази. Ако нема потпис, доволно е да те споменале во полициски извеш тај. Па кај и да е, сите ќе дојдеме на ред Од риболовци до членови на куќни совети. Сите се некакви регистрирани здруженија на граѓани. Кога можеше да се амнестираат злосторства против човеш твото со автентично толкување на Законот за амнестија, тогаш зошто да не може автентич но да се толкува и Законот за лустрација. Сé е прашање на договор. И на политичка волја. Па ако се договориме дека некој бил кодош, процесот на лустрација ќе трае вечно. Денеска ќе се лустрираат “вашите”, а кога тие ќе дојдат на власт, ќе се договорат и ќе ги лустрираат “нашите”. Тоа што на Аџиев никако не му истекува мандатот, не значи дека времето работи за него. Оти, ако со неговото автентично толкување уништи нечиј живот што се нашол на погрешниот список денеска, утре и самиот Аџиев ќе биде зрел за лустрирање. Можеби и нему бесконеч но му го продолжуваат мандатот затоа што соработувал. Сé е прашање на договор, нели? И на партиско надгласување. Сé зависи кој на чиј список за договарање е ставен. И кој Аџиев тогаш ќе биде овластен за автентично толкување. И така, додека премиерот повикува на обединување, ние ќе се вртиме во круг и бесконечно ќе се разединуваме. А лустрацијата ќе остане општа зафрканција. Се чудам зошто досега Владата нема отворено бесплатна линија “Пријави кодош”. Да видите како комшиите ќе се разработат. Затоа, добро е што се пониш ти и пописот. Оти на следниот ќе има нова графа, по која ќе треба да се изјаснуваме: лустриран и нелустриран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари