ЧИТАЊЕТО КНИГИ ВЕ ПРАВИ ТОЛЕРАНТНИ, ПОРАЧУВА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИОТ САЕМ НА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА

    ЧИТАЊЕТО КНИГИ ВЕ ПРАВИ ТОЛЕРАНТНИ, ПОРАЧУВА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИОТ САЕМ НА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРАЧитањето поврзува, покажува пат за подобро меѓусебно разбирање, толеранција, за повеќе почит кон другиот, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на саемот што се отвори во НУБ „Св.Климент Охридски“, а утре ќе патува во Битола и во Гостивар (Фото: СДК.МК)

    „Го читаме другиот“ е насловот на француско-германскиот саем на детска литература кој денес се отвори во НУБ „Св.Климент Охридски“, а ќе патува во Битола и во Гостивар.

    Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер порача дека читањето поврзува, покажува пат за подобро меѓусебно разбирање, меѓусебна толеранција, за повеќе почит кон другиот.

    “Сакаме да им покажеме на сите деца кои учат француски или германски јазик колку  е важно за нивното образование читањето на јазикот кој се изучува. Читањето не познава никакви граници. Учествувајќи на работилниците, ќе ви покажеме колку магија крие книгата зад себе, ќе ви открие цел нов свет“, рече  Изабел Марки – Бербо,  директорка на Францускиот институт во Скопје.

    Саемот за детска книжевност во Македонија го организираат Францускиот институт во Скопје и Гете- институтот, а е поддржан од Француско- германскиот културен фонд, чија цел е да ја промовира книгата како фактор за културна отвореност и еманципација.

    Децата од скопски училишта на Саемот се дружеа со четворица автори и илустратори на литература за млади, од кои двајца се Французи, а двајца Германци: Ан Малер, Јана Хајнике, Марк Бутаван и Патрик Хертвек. Тие разговараа со учениците, имаа книжевни читања и работилници.

    Патувачкиот саем утре во 13 часот продолжува паралелно во Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола и во Центарот за култура во Гостивар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари