ДА МЕ НАДЖИВЕЕТЕ И ДА СЕ ГОРДЕЕТЕ СО СВОИТЕ ДЕЦА КАКО ЈАС СО ИГОР И СО ТАЊА, ВЕЛИ МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА МЕ НАДЖИВЕЕТЕ И ДА СЕ ГОРДЕЕТЕ СО СВОИТЕ ДЕЦА КАКО ЈАС СО ИГОР И СО ТАЊА, ВЕЛИ МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ

    Границите за маестро Александар Џамбазов се секаде и секогаш претесни, па така беше и на вечерашната промоција на монографијата „Маестро Александар Џамбазов-живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска, во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија во Скопје. Изданието, по повод 80 години од раѓањето на шлагер мајсторот и безмалку 60 години негово творештво, е на Центарот за музикологија ЦЕМ, на иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ , а промотор беше музикологот Бранка Костиќ-Марковиќ.

    На честитките и убавите желби за големиот маестро им немаше крај, а тој ведро, луцидно како секогаш одговараше:„Само да ме надживеете, кој да се надева дека токму јас ќе бидам најстариот по години и по стаж македонски композитор“. Џамбаз ги поздравуваше своите другари и другарки уште од најрана возраст, оние што останавме вели, како Милка Ефтимова, Гане Шуплевски, Зоран Тодоровски, а во публиката беа и малку помладите Стојков, Цанев, Димитров, Глишиќ, Гаро.

    Џамбазов рече дека диригирал од Скопје до Бирмингем, но дека трема како вечерва досега немал. Сепак, во свој духовит стил се потсети на времето кога беше шампион по настапи на тогаш најголемиот фестивал на забавни мелодии во Опатија, што важеше за југословенски Сан Ремо, и ја кажа единствената песна чии стихови ги памти, а се однесува на љубовта кон сопругата, актерката Анче Џамбазова, што во композицијата се споредува со љубовта кон тогаш најпопуларната кола „фиќо“. Па, раскажа како „Црвена застава“ на сцената во Опатија донеле вистинско „фиќо“, но џабе, тој и најпопуларната група во тоа време „4 М“ не победиле. Џамбазов, со малку тажен тон заврши дека денес, откако Анче ја нема веќе 19 години, нему најверни пријатели  му останале ТВ каналите, и на сите присутни им посака многу здравје и рече:

    „Гордејте се со своите деца и внуци како што јас се гордеам со Игор и со Тања“.

    Маестро Џамбазов потпишуваше долго книги по промоцијата и се сеќаваше и за Миќа Орловиќ, за Мики Јевремовиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Зденка Ковачичек, Јосипа Лисац, за големиот број евергрини што ги напиша, како „Довидување“ во изведба на Јосипа Лисац, на  македонскиот блуз „Да нема разделби“ што ја пееше Лео Мартин, тангото на Зафир Хаџиманов „Љубов неверна“, како и на големите вокалисти од земјава Виолета Томовска и Диме Поповски кои ја интерпретираа  „Срамежливи“, што во друга верзија ја испеаја Зафир и Љупка Димитровска, на Зоран Милосављевиќ кој ја пееше „Само ти“, Диме со „Штом те видам“, Нина Спирова со „Детство“.  Во овој популарен жанр се и безвремените  „Сакам да сум јас детелинка“, „Пелистерски очи“, „Како Струга нема друга“, на групата „Македонија“ или „Охрид и јас“ на Тереза Кесовија.

    Вечерта посветена на Џамбазов не ги заобиколи фактите за неговото значење за детската песна во земјава со основањето на „Златно славејче“, потоа неговата  мисионерска улога во популаризацијата на музиката за танцов и ревиски оркестар, што не беше пречка да создаде респектабилен творечки опус и во класичната музика каде што се „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар.

    Маестро Џамбазов е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во „Кава де Тирени“ – Италија. Добитник е на највисоките државни награди „11 Октомври“ за животно дело и „13 Ноември“.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира