ЕЛИНА ГАРАНЧА – ДИВАТА ОД ОХРИДСКО ЛЕТО ШТО ПОМЕЃУ ДВЕ ИЗВЕДБИ НА „КАРМЕН“ САДИ ДОМАТИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:392:"СветскипознататаоперскапевицакојавечерваќегоотвориОхридсколетозасебевелидекасечувствувакакодвојналичност–гламурознадивасолуксузнитоалетиисрамежливадомаќинкакојауживавосвојатабавча";s:9:"td_source";s:42:"Охрид(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕЛИНА ГАРАНЧА – ДИВАТА ОД ОХРИДСКО ЛЕТО ШТО ПОМЕЃУ ДВЕ ИЗВЕДБИ НА „КАРМЕН“ САДИ ДОМАТИ

    Лирскиот мецосопран, Елина Гаранча од Латвија која достигна слава настапувајќи на сите светски оперски сцени, во врвот на својата кариера во својата 39-та година, вечерва го отвора 56. Охридско лето, со концерт на популарни арии, со романскиот диригент Јон Марин и со Оркестарот на Македонската опера и балет.

    За концертот во Античкиот театар во Охрид убавата, грациозна оперска дива Гаранча најави арии од Чајковски, Сен-Санс, Масне, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини.

    Вториот дел на концертот ќе биде посветен на улогата на Кармен, од истоимената опера на Бизе која Гаранча ја пее и во Миланската скала и во њујоршкиот Метрополитен, како и во Берлин, Виена, Салзбург и Лондон.

    GARANCA OHRID PRES

    „Не значи дека ако сум од север сум студена“, латвијката Елина Гаранча, на вчерашната прес конференција во Охрид

    Гаранча потекнува од музичко семејство, мајка и била соло оперска пејачка, татко и бил хорски диригент. Омажена е за Карел Марк Кикон, британски диригент роден во Лондон, со потекло од Гибралтар. Имаат две деца, на 5 и на 2 годишна возраст.

    Минатата година во едно интервју помеѓу две изведби на „Кармен“, токму во Скала и во Мет, помеѓу кои имала пауза од 4 дена, Гаранча зборува за Кармен и за она што ја релаксира. Вели: „Многу си ги сакам моите зелени градини. Имаме куќи на село и во Латвија и во јужна Шпанија и кога сме таму се храниме исклучиво од нашите производи. Сега, кога сме во Шпанија за овие 4 дена додека ми е паузата стасано е времето да се садат домати, краставици, тиквички, зелка, па и кромидот. Сето тоа ќе биде заседено за овие 4 дена. Неверојатно реласкирачки ми годи допирот со земјата.“

    Елина зборува и за односот со фамилијата, зашто вели се чувствува како двојна личност. Од една страна како гламурозна дива со луксузен живот во свечени тоалети, со блицеви и рефлектори, и онаа кога ќе се врати дома каде што е своја, со смета и секојдневието со сопругот и со децата. За себе вели дека е сепак онаа втората, прилично срамежлива.

    elina garanca karmen

    Улогата на Кармен по што ја препознава целиот свет и што делумно ќе ја види македонската јавност на Охридско лето, Гаранча вели дека во голем дел ја изградила со помош на шпанските Роми

    Ексклузивката на Дојче грамофон пак за Кармен, улога по што ја препознава целиот свет и што делумно ќе ја види македонската јавност на Охридско лето, вели дека во голем дел ја изградила со помош на шпанските Роми.

    „Имав можност да ги запознаам шпанските Роми во сите предели на оваа земја. Тие се недофатливи, мистериозни, со вистински вулкан во нив, различни од сите други Роми што сум ги сретнала на пример во Унгарија или во Романија. Тие се горделив народ, сличен на нас Латвијците“, вели Гаранча која додава дека не верува во географија кога е темпераментот во прашање. „Не значи дека ако сум од север сум студена. Луѓето од Север се покрупни зашто мора да се бранат од студот, но и тие знаат да се забавуваат и да имаат внатрешен оган. Нашата уметност е визуелна, на сцена до помал партнер може да наликувам на Викинг, но и на мачо жена каква што е Кармен“, вели Елина која во Охрид доаѓа по настапите во Латвија, Турција, Финска, а продолжува во Австрија и во Германија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари