МАКЕДОНИЈА ВО САРАЕВО СО „ЖАБА“, КОПРОДУКЦИЈА ШТО ГО ЛЕЧИ ПОСТВОЕНИОТ СИНДРОМ

    МАКЕДОНИЈА ВО САРАЕВО СО „ЖАБА“, КОПРОДУКЦИЈА ШТО ГО ЛЕЧИ ПОСТВОЕНИОТ СИНДРОМБосанскиот филм „Жаба“ на Елмир Јукиќ имаше светска премиера синоќа на 23. Сараевски филмски фестивал

    Со многу емоции, солзи и смеење околу 4-илјадна публика синоќа на 23. Сараевски филмски фестивал  на проекција на отворено ја проследни светската премиера на босанскиот филм „Жаба“, во кој копродуценти се Хрватска, Србија и Македонија со „Скопје филм студио“. Актерите, водени од Емир Хаџихафизбеговиќ кому ова му е животна улога, во Сараево беа пречекани како вистински херои. Тие веќе 10 години ја играат психолошката драма со црн хумор како театарска претстава, по текст на Пјер Жалица. Овде косценарист е режисерот Елмир Јукиќ.

    Главен продуцент е светски признатиот Адемир Кеновиќ, кој на утринската сесија со новинарите рече дека е ова филм кој служи како лек, како терапија за сите кои на каков било начин биле изгребани од војна. Целата екипа вели дека е темата актуелна во целиот свет, „насекаде се распоредуваат некакави војски“, велат актерите на „Жаба“. Тие се среќни дека допира една вака тешка тема, во чиј фокус се тројца машки ликови по војната во Босна и Херцеговина кои се изгубени, осамени, истрауматизирани, ја бараат потребната љубов. Напишано на лесен начин со многу трагикомични ситуации, со босански хумор и самите актери велат дека низ 9. години „проби“ за филмот, и ликовите станеле нивни, покрај тоа што насекаде околу себе имаат такви примери. Веруваат дека филмот може да помогне на многу луѓе.

    „Оние што се смееја, а ги имаше многу, се здрави. Другите што не се смееја, е за нив зборува филмот. Веруваме дека филмот има тераписко значење за публиката“, вели екипата која секогаш како исцелителски сеанси останува долго со гледачатите по претставите, а така беше и посветската премиера.

    На прашање зошто нема женски ликови, Кеновиќ вели: „Зашто жените се многу посилни. Тие не можат да бидат волку убиени во поим како мажите. Мислам генерално на мажите што го водат светот. Па, затоа и светот е во ваков хаос“.

    Со оглед на тоа дека уметноста не може да го смени светот, екипата на „Жаба“ смета дека овој филм може да е добра алтка во рацете на некои поединци од системот, кој ако сакаат можат да ја искористат во решавање на компликувананата тема на поствоена траума, тема, која како што рекоа сѐ уште се премолчува, а ја има на секој чекор.

    Кеновиќ вели дека вложувањето во филм не е фрлање пари, туку напротив, тоа е вложување во оздравување на системот. Тој со најпофални зборови се заблагодари на македонскиот сектор кој во делот на камерата и на продукцијата се вложи во филмот и рече дека таргет на овој филм е светот.

    „Се разбира дека ќе го покажеме во Битола, насекаде во регионот каде што е оваа тема за жал блиска, а ја имате и во Македонија. Вие имате и други теми како непризнавањето на името, но кај нас велат – ‘Викај ме лонец,само немој да ме скршиш’ .Така што мислам дека тоа прашање треба што побрзо да се надмине, Македонија да стане призната, суверена, мултиетничка земја во која сите граѓани ќе бидат рамноправни, која без силни ами со пријателски влијанија од надвор ќе стане дел од европското семејство“.

    Покрај овој филм, вчера на програмата на Саревскиот фестивал беше и бугарскиот „Насоки“, во кој Македонија учествува преку „Сектор филм“, филм кој беше прикажан на Кан. Голем успех предизвика документарецот  „Со љубов“ (Avec L’Amour) на режисерот Илија Цветковски, кој во мај оваа година премиерно беше прикажан на фестивалот Хотдокс во Торонто.  Во програмата „Во Фокус“ ќе играат филмот на Теона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“, копродукција помеѓу Македонија, Белгија и Словенија и „Реквием за Г-ѓа Ј.“ на Бојан Вулетиќ во Македонија е малцински копродуцент преку „Скопје филм студио“. Томи Салковски, од оваа продукција, во Сараево у тре ќе ја промовира и филмската серија „Сенките на Балканот“, што како копродуцент ја работеше со Драган Бјелогрлиќ и во која игра завидна актерска екипа од земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира