МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ГО СНИМА „БИКИНИ“ ВО ЊУЈОРК

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:204:"„Бикини“еекопродукцијамеѓуСАД,КанадаиГерманијаиепрвфилмнаМанчевскивокојнеучествуваМакедонија";s:9:"td_source";s:45:"Њујорк,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ГО СНИМА „БИКИНИ“ ВО ЊУЈОРК

    Милчо Манчевски на њујоршки Менхетен и во Бруклин го режира својот петти игран филм „Бикини“.  Првата клапа ќе падне на 9 мај, а деновиве проектот „Бикини“, по сценарио и во режија на Манчевски, влезе во последните фази на претпродукција и снимени се почетните материјали.

    Станува збор за прв долгометражен филм на Манчевски во САД после епизодата на серијата ПРИСЛУШКУВАЧИ (THE WIRE)  која тој ја режираше за „Ејч-Би-О“ во 2002 година. По студиите во САД, Манчевски живее во Њујорк од 1985 година, каде е  неговото професионално формирање и каде освои награда на музичката телевизија Ем-Ти-Ви за спотот „Тенеси“, потоа прогласен за еден од 100-те најдобри во историјата.

    Новиот филм е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка.

    „БИКИНИ – како и моите досегашни филмови – зборува за природата на вистината, лагата и илузијата.  Филмот ќе го има мирисот на Њујорк, се снима на повеќе локации во градот кој ми е втор дом и многу го сакам. Имаме извонредно талентирана екипа – и актерска и филмска. На овој филм се изборив за апсолутна креативна слобода, без мешање од финансиери, продуценти или политичари, со целосна доверба и хармонична соработка. Ова е еден од ретките американски филмови каде што авторот има право на фајнал кат (право на финална верзија)“, вели Манчевски за „Бикини“.

    Во насловната улога настапува Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија во САД „Милијарди“ и од бродвејската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум. Рашад е, инаку, ќерка на позната глумица Фелиша Рашад која се прослави со серијата „Козби шоу“. Другите главни улоги Манчевски им ги додели на актерите во подем Сара Голдберг, Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.

    Главната улога ја игра Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија „Милијарди“ и од бродвејската верзија на „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум

    Главната улога ја игра Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија „Милијарди“ и од бродвејската верзија на „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум

    Директор на фотографија е младиот њујоршки „вундеркинд“ Џошуа Вајнстин, а продукциски дизајнер е верниот соработник на Манчевски, Дејвид Манс од Лондон, кој соработува со  него на сите негови филмови.

    Продуценти се Ања Ведел и Мунире Армстронг, а филмот е копродукција меѓу САД, Канада и Германија.

    „Бикини“ се снима на повеќе локации низ Њујорк, како и во едно бруклинско студио.

    „Бикини“ е првиот филм на Манчевски во кој не учествува Македонија.

    Манчевски сними четири филма во Македонија како европски копродукции, финансирани од владите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Бугарија и Еуримаж.

    Македонија во овие филмови учествуваше со една петтина од целокупните буџети.

    Неговите македонски филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ја презентираа македонската култура на сите шест континенти, со комерцијална дистрибуција во над 50 земји, проекции на над 200 фестивали и над 40 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав во Венеција и номинација за Оскар.

    Манчевски предава филмска режија на постдипломските студии во Њујорк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари