МОДАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Е КОЛЕКТИВЕН РЕВОЛТ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:274:"МодаташтосепојавинаШаренатареволуцијанееуметност,тукуколективенизливнаемоцијасојаснапорака,велиИгорТошевски,концептуаленуметник";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОДАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Е КОЛЕКТИВЕН РЕВОЛТ

    Оригинални графички решенија за печатени пароли или маички, за видеоклипови, мемиња, гифови, твит пораки секојдневно се нудат од граѓанската иницијатива Протестирам, но и од индивидуални графички или видеодизајнери, студенти, едноставно од граѓани, за разубавување на Шарената револуција што две недели се одвива во Македонија.

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    На социјалните мрежи дизајнерите ги нудат бесплатно своите оригинални, но и занаетски издржани решенија и т.н.припреми за печатање, кој на каква подлога сака. Дијапазонот е различен и духовит. Дали поддршка на СЈО и на некоја од обвинителките, а најпопуларна е Фатиме Фетаи, дали решенија на град обоен во шарено, или графички дизајни на тупаница, и повеќе печати со пораки „протестирам“ или „Шарена револуција“, „Нема правда-нема мир“ и сл.

    huliganka maica

    Уметникот Игор Тошевски за СДК.МК вели дека ова што се случува околу “дизајнот” на Шарената револуција нема потреба да се поистоветува со уметноста. „Според мене, искрената желба за општествена промена не треба премногу да се естетизира. Се работи за форма на активизам што спонтано произлезе од самите граѓани во изразувањето на својот оправдан револт кон институциите на власта, при што камењата и јајцата се заменети со балони со боја, што е секако многу подобро. Затоа, не станува збор за нечие “авторство” туку за колективен излив на емоција со јасна порака“, вели Тошевски кој меѓу другото е познат и по својата концептуална уметност. Тој  додава дека бојата во овој случај треба да се гледа како обид за деконструкција, а не како разубавување. „Парадоксално е, но сега со боењето спомениците стануваат уште повидливи во својата грдотија. Сепак, важно е што оваа Шарена револуција станува автентична за нас: преку различните бои кои ги отсликуваат разликите во нашето општество, било да се тоа политички, етнички, идеолошки и сл., шаренилото станува метафора за желбата за плурализмот и конечно, слободата на изразување“, додава Тошевски, кој уште вели: „Ваквиот гест можеби некому ќе му се чини наивен, зашто бојата впрочем може да се измие со шмрк или со посилен дожд, но многу е позначаен искажаниот револт на граѓаните кои го изгубија стравот да се побунат против „Скопје 2014“ кој патем, не е толку естетски колку што е политички проект насочен кон преобликувањето и бришењето на нашиот културен идентитет“, вели Тошевски за СДК.МК

    nopasaran maicka

    Визуелниот уметник и активист Филип Јовановски вели дека Шарената револуција произлезе од боењето на „Скопје 2014“ како симбол на оваа власт и потребата од нејзина деестетизација. Тој вели спонтано граѓаните се придружија во идејата со бои да се деконструира оваа власт.

    „Да, се користат уметнички алатки, бои, графички, видеодизајн за деконструкција на власта, но тоа е граѓанско движење, не би рекол дека се работи за уметност. Ако шарената мисија успее во својата мисија, тогаш имаме историска можност да почнеме од нула да градиме општество кое ќе се базира на изградени вредности директно од граѓаните, од долу, вели Јовановски.

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари