ОХРИДСКО ЛЕТО ЗАВРШИ СО ТЕПАЧКА МЕЃУ БАКРАЧЕСКИ И КОЦЕВ

    ОХРИДСКО ЛЕТО ЗАВРШИ СО ТЕПАЧКА МЕЃУ БАКРАЧЕСКИ И КОЦЕВОхридскиот градоначалник Никола Бакрачески и Сашко Коцев во сцена од претставата „Ничија земја“ на МНТ, со која што беше затворено Охридско лето. (Фото: Фејсбук)

    По завршувањето на претставата „Ничија земја” која што беше одиграна на просторот кај охридската касарна синоќа на коктелот дошло до инцидент меѓу градоначалникот на Охрид Н.Б. и познатиот актер С.К, потврди полицијата. Најпрво дошло до вербална расправија меѓу Никола Бакрачески и Сашко Коцев, а потоа и до физички контакт. Полицијата утврдува кој кого го нападнал, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од полицијата.

    Дознаваме дека веднаш по завршувањето на претставата на МНТ, со која што се затвори „Охридско лето“, Коцев во кругот на пријатели рекол дека претставата непотребно доцнела 20 минути поради доцнењето на охридскиот градоначалник. Кога тој пристигнал претставата почнала. Актерот, исто така, рекол дека столовите не биле соодветно поставени така што публиката не можела нормално да ја следи драмата.

    Тоа го слушнал градоначалникот и му се обратил на актерот со зборовите:„Што сакаш бе ти наркоман еден!”.

    На тоа реагирал Коцев, кој му рекол на охридскиот градоначалникот:„Што е бе ти сељак ниеден!”.

    По таа вербална расправија дошло и до близок контакт меѓу двајцата. Обезбедувањето на градоначалникот реагирало и го оттргнало актерот од местото каде што почнала расправијата.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира