ПОМЛАД КОЛЕГА СЕ ФРАПИРАЛ ОД СЕКС СЦЕНИ И ГО ПРЕКИНАЛ ФИЛМОТ ВО ДОЈРАН

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:317:"ОрганизаторотнаДФестивалвоДојрансеизвинипорадипрекинататапроекцијанајапонскиотфилмскикласик„Воцарствотонасетилата“налегендарниотрежисерНагисаОшима";s:9:"td_source";s:59:"Скопје,Дојран,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОМЛАД КОЛЕГА СЕ ФРАПИРАЛ ОД СЕКС СЦЕНИ И ГО ПРЕКИНАЛ ФИЛМОТ ВО ДОЈРАН

    Организаторот на Д Фестивал, што изминатиот викенд се одржа во Дојран, се огради од забраната на јапонскиот филмски класик „Во царството на сетилата“ на легендарниот режисер Нагиса Ошима. Д Фестивал се извини и на дебатното кино „Контра кадар“ во чија програма се емитуваше филмот.

    „Чувствуваме потреба да ве информираме дека на споменатата проекција по реакција на лице од публиката, помладиот колега задолжен за Креативната зона во кампот ја прекинал проекцијата. Станува збор за негова лична проценка, за што до вчера не бевме информирани од ничија страна. Сепак, како организатори ја сносиме целата одговорност и длабоко се извинуваме. Во ниту еден миг не стоиме зад прекинувањето на проекцијата или пак било каква цензура кога се уметноста и слободата на изразување во прашање. Јавно им се извинуваме на Контра Кадар и на неколкумината во публиката за настанатата ситуација“, стои во објавата на Фејсбук профилот на Д Фестивал, чиј организатор е „Пасворд продукција“.

    „Контра кадар“ претходно соопшти дека организаторите на Д Фестивал, поради голотија и сексуално експлицитни сцени на сред прекција го исклучија филмот, и појаснија дека тие ја доставиле програмата околу една недела пред почетокот на фестивалот, и немало спор околу неа.

    „Во царството на сетилата“ наградуваниот филм на Нагиса Ошима што излезе во 1976 и веднаш стекна култен статус како еротски арт класик, е измислена и сексуално експлицитна обработка на инцидент што се случил во 1930 во Јапонија, познат како приказната на Сада Абе. Уште по премиерата стана контроверзен по тоа што има сцени на вистински, несимулиран секс меѓу актерите Тацуја Фуџи и Еико Мацуда, а меѓу другите е и култната сцена во која мажот става лупено варено јајце во вагината на жената. Филмот во тоа време кусо беше цензуриран во верзиите за кино и фестивалски прикажувања, но неколку години подоцна оригиналната авторска верзија стана дел од репертоарите не само на арт туку и на меинстрим кината, како и на арт видео колекциите на најголемите светски издавачи. Во Скопје во осумдесеттите години на минатиот век оригиналната верзија на филмот играше на редовен репертоар во киното „Култура“, а скратената беше прикажувана повеќепати и на МТВ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари