РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ОХРИДСКИОТ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ГОРАН СТОЈАНОСКИ, УШТЕ ЕДЕН ОД КУЛТУРЊАЦИТЕ ШТО ГО ПОТТИКНАА 27 АПРИЛ

    РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ОХРИДСКИОТ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ГОРАН СТОЈАНОСКИ, УШТЕ ЕДЕН ОД КУЛТУРЊАЦИТЕ ШТО ГО ПОТТИКНАА 27 АПРИЛСтојаноски беше еден од културњаците кои говореа и маршираа на чело на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираше со организираниот насилен упад во Собранието на 27 април. - Стојановски во „Преспав“

    Во смената на директорите што деновиве засилено се одвива во културата, а како што велат од Министерството за култура, „заради ослободување на националните установи кои беа заробени од партиски кадар“, денеска е разрешен и директорот на националната установа Центар за култура – Охрид, актерот Горан Стојаноски. Во рамки на Центарот функционира и Охридскиот театар.

    Актерот беше еден од културњаците кои говореа и маршираа на чело на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираше со организираниот насилен упад во Собранието на 27 април

    Тој беше еден од културњаците кои говореа и маршираа на чело на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираше со организираниот насилен упад во Собранието на 27 април, а за кои пишуваше  САКАМДАКАЖАМ.МК. Од оваа група досега разрешени се директорите на Детски театар Братислав Димитров, на Театар Комедија Јелена Жугиќ и на Битолски театар Валентин Светозарев.

    КУЛТУРЊАЦИТЕ КАКО ПЛАТЕНА ВОЈСКА НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ЗА НАПАД НА СОБРАНИЕТО

    Стојаноски, како што велат од Министерството за култура, е разрешен поради неправилности во работењето што ги увидела инспекцијата. Наведено е дека тој не постапувал согласно Статутот и законите, не носел годишни програми, имал злоупотреба со службените мобилни телефони.

    На раководната функција во центарот „Григор Прличев“, Стојаноски е од 2015. Изминатава година беше познат по улогата на корумпираниот инспектор во ТВ серијата „Преспав“.

    Од Министерството за култура велат дека  во најскоро време ќе бидат предложени измени на Законот за државни службеници „за да се деблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта“.

    Директорот на Македонската опера и балет (МОБ), оперскиот бас Игор Дурловски сам се повлече од функцијата, а во групата видни уметнички имиња кои застанаа зад движењето „За заедничка Македонија“ што беше иницијатор на црниот четврток, се и уметничкиот директор на Велешкиот театар, Васил Зафирчев, чиј генерален директор Јордан Витанов беше расчинет завчера.

    Во гласноговорниците кои повикуваа на „одбрана на Македонија“ беше и актерот Зоран Љутков, селектор на драмската програма на Охридско лето, и уметнички директор на фестивалот на античка драма „Стоби“, чиј генерален директор-на Охридско лето, Оливер Арсовски, беше развластен по 10 дена од почетокот на фестивалот, по наодите од инспкцијата заради неправилности во работењето.

    Директорот на Драмскиот театар Роберт Вељановски е главен водител на сите партиски и државни јавни настани, а неговото име се јави и во донаторите за партијата, што потоа го негираше. Тој беше и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември, 2016, но не стана пратеник.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира