РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ЈОРДАН ВИТАНОВ, В.Д. Е АКТЕРОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛЈАНОВСКИ

    РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ЈОРДАН ВИТАНОВ, В.Д. Е АКТЕРОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛЈАНОВСКИВо времето на Витанов беше изграден новиот објект на Велешкиот театар (Фото: МИА)

    Актерот Јордан Витанов беше 10 години директор на Народниот театар во Велес „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, и денеска е еден од разрешените директори од министерот за култура Роберт Алаѓазовски. Витанов вели дека е расчинет поради ненаменско трошење на пари, и дека немало инспекција во институцијата, туку дека самиот ја пријавил таа неправилност во своето работење. За в.д. директор е поставен младиот актер Александар Велјановски.

    Витанов е член на велешкиот ансамбл 30 години. Уметнички директор на театарот „Џинот“ во изминтиве 5 години е актерот Васил Зафирчев. Тој не беше достапен, но според Витанов, таа функција ја назначнува директорот на театарот во согласност со Управниот одбор.

    Во времето на Витанов беше изграден новиот објект на Велешкиот театар. Тој вели дека ваквите смени се нормални.

    „Доаѓа нова политика, поставува кадри за кои смета дека ќе ја вршат работата подобро од претходните“, вели Витанов.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира