РАЗРЕШЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР РОБЕРТ ВЕЉАНОВСКИ, НОВ В.Д. Е АКТЕРОТ САШО ТАСЕВСКИ

    РАЗРЕШЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР РОБЕРТ ВЕЉАНОВСКИ, НОВ В.Д. Е АКТЕРОТ САШО ТАСЕВСКИАктерот Сашо Тасевски од 1998 година е член на Драмскиот театар. Тој е и колумнист и писател. Објави неколку книги, збирка драми, романи, а јавно беше експониран како жесток критичар на власта. (Фото: Фејсбук)

    Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска го разреши директорот на Драмски театар-Скопје, Роберт Вељановски, и за нов в.д. е назначен членот на ансамблот, актерот Сашо Тасевски.

    Како што ни рекоа од Министерството за култура, по извршената инспекција најдени се неправилности во работењето на Вељановски, кој со Драмски директорува од  2013.  Вељановски, според наодите на инспекцијата, не спроведувал постапка за реаудиција, незаконски издавал простор од објектот кој е сопственост на државата, а чии договор за закуп бил истечен пред две години, не водел евиденција за работното време, и Годишната програма на театарот ја усвоил без согласност на Управниот одбор.

    Роберт Вељановски е вработен во Драмски од 1997 година, а на чело на институцијата дојде по прераната смрт на претходниот директор, актерот Бранко Ѓорчев.

    Уметнички директор на Вељановски во првата година беше Зоран Љутков кој замина, како што рече, од лични причини. Потоа, уметнички директор стана Рубенс Муратовски, кој минатата година исто така се повлече од оваа функција без некое образложение.

    Вељановски е професор на ЕСРА, а беше и на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ на последните избори.

    Актерот Сашо Тасевски од 1998 година е член на Драмскиот театар. Тој е и колумнист и писател. Објави неколку книги, збирка драми, романи, а јавно беше експониран како жесток критичар на власта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира