ЦЕЛ МОБ ОСТАНА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ПОРАДИ СУДСКА ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ВРАБОТЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЦЕЛ МОБ ОСТАНА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ПОРАДИ СУДСКА ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ВРАБОТЕН

     

    Веќе половина месец, вработените од Македонската опера и балет немаат здравствено осигурување. Ним им е речено оти проблемот настанал откако нивен вработен добил судска пресуда во спор со куќата, а кој се однесувал на легитимноста на неговото вработување. Тој бил вработен пред една година од поранешната дирекција, што потоа било спорно.

    Станува збор за пејачот Горан Наумовски од составот „Ар-ен-си“ кој сега е вработен во ИТ секторот на МОБ. Како што се информирани околу 400 вработени кои немаат здравствено, проблемот почнал со тоа што од надлежните министерства се оддолжувала исплатата по судската пресуда кон МОБ.

    Деновиве, службите во МОБ ги смируваат вработените велејќи оти се исплатени сите давачки кон Наумовски сосе придонесите, и дека секој ден се очекува да биде деблокиран интегралниот систем за наплата на придонеси, кој пак се блокира автоматски ако не се платени придонесите и за само еден вработен во некоја фирма.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира