ВАНЕ КОСТУРАНОВ КОЈ ГИ ЦРТАШЕ МАИЧКИТЕ ЗА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАНЕ КОСТУРАНОВ КОЈ ГИ ЦРТАШЕ МАИЧКИТЕ ЗА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

    Струмичкиот сликар Ване Костуранов и со актуелната изложба „Скршнувања“ отворена во Галеријата на МКЦ во Скопје, повторно како и многупати досега покажа дека на чудовошен начин е магнет за уметничката јавност, за урбаната публика, за политичарите, дипломатите…
    Сите го сакаат Ване. Никој не знае да објасни зошто, заради искрената емоција велат посетителите на неговите изложби, но и купувачите, зашто тој е еден од најкомерцијалните сликари на својата генерација.

    sarena-revolucija-09-maj-005

    sarena-revolucija-maitska

    Дизајнерските маички на Ване станаа дел од модниот тренд што се разви за време на Шарената револуција за време на протестите во април и мај низ скопските улици (Фото: СДК.МК)

    Костуранов е колоритен, навидум наивен сликар, црта куќи и деца во техника акрил на платно. Тој е популарен, но кај дел од јавноста доби уште поголеми симпатии откако се вклучи во дизајнерите кои ја обликуваа визуелната страна на Шарената револуција, откако на својот Фејсбук профил постави графичко решение за маица наменета за Шарената револуција. Таа стана една од омилените што ја носеа Шарените револуцонери минатата пролет, а на неа на детски начин се нацртани куќички над кои пишува Шарена револуција.
    Тој вели:„Јас со тој мој гест се вклучив во поддршката на тоа што Шарената револуција го прави. Сакав да го искажам својот став, дека го поддржувам она што Шарената револуција го прави“.
    Костуранов, кој е самоук сликар, вели дека овој циклус го насловил „Скршнување“ зашто изминатата година многу патувал, но и како асоцијација на какво било скршнување од секојдневието. „Толку многу ни е потребно, во ова време во кое живееме да земеме воздух, да направиме промена“, вели Ване, за кого јавноста вели дека е уметник кој носи радост, топлина со боите, невиност, што ако постои во денешното време, тој знае да ја препознае.
    „Боите и темите на Ване носат живот, расположение и некаква надеж во секојдневното сиволо“, велат неговите поддржувачи.
    Костуранов е препознатлив по неговите куќи кои се поставени на секаков начин, исцртани на детски начин, испревртено, косо, паѓаат наопаку како замислена желба или ѕвезда. Куќите кај Ване се живи, како што се и автопатиштата, автомобилите, луѓето… Сето тоа е живо, во дијалог што асоцијативно ја насочува публиката да медитира на тема „Барселона“, „Море на тишина“, „Дволичен град“, „Град во изградба“, „Раздвижена улица“, „Шарен град“. Ване вели дека куќи, неговиот заштитен знак, почнал да слика кога почнеле да ја градат нивната семејна куќа со сопругата во Струмица, а деца и фамилии црта откако му се родиле децата кои се на возраст од 4 и 6 години.
    Изложбата „Скршнувања“ во МКЦ е отворена до 22 ноември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира