ВЛАДАТА ЌЕ ЈА УКИНУВА ТИТУЛАТА НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК ШТО ЈА ДОДЕЛУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

    ВЛАДАТА ЌЕ ЈА УКИНУВА ТИТУЛАТА НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК ШТО ЈА ДОДЕЛУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВОперската певица Ана Дурловски ја доби титулата Национален уметник во 2015 година. - Дурлоски со сопругот Игор Дурловски, претседателот Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска

    Титулата Национален уметник која што ја доделува претседателот Ѓорге Иванов ќе биде укината ако во Собранието помине предлог законот на Владата за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија. На Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија е објавено известување за почеток на процесот за подготовка на предлогот законот и по собирањето на писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни треба да влезе во собраниска процедура.

    Според известувањето, „Законот создаваше нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија“.

    Титулата Национален уметник ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. На носителот на титулата Национален уметник од буџетот му доделува месечен паричен надоместок во износ од две просечни плати доживотно и има право, со средства од буџетот, да му се издаде монографија за неговото творештво. Просечната плата во април 2017 изнесуваше 22.672 денари.

    Титулата се доделува од 2011 година и досегашни носители се: пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, пејачката Есма Реџепова Теодосиевска, оперските певци Борис Трајанов и Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира