ЗА 25 ГОДИНИ, „МАТИЦА МАКЕДОНСКА“ ИМА НАД 40 ИЛЈАДИ ЧЛЕНОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА 25 ГОДИНИ, „МАТИЦА МАКЕДОНСКА“ ИМА НАД 40 ИЛЈАДИ ЧЛЕНОВИ

    Во еден од салоните на книгоиздателството „Матица македонска“, синоќа се одржа свеченост на која се одбележа 25-годишнината од формирањето на оваа издавачка куќа, додека во другиот салон, на Булеворот на книгите цел ден се чекаше ред да се дојде до нова книга, со поволна цена по повод јубилејот.
    „Ете, па некој ќе каже не се чита кај нас“, беа дел од коментарите на насмеаните издавачи кои се радуваат на секоја продадена книга, на секој нов наслов, на фактот што и младите македонски автори се меѓу најбараните автори
    Свеченоста во „Матица ексклузив“ ги собра пријателите на „Матица“, авторите од првата генерација македоски писатели па се до најмладите, ја собра книжевната јавност која уживаше во етно звуците од составот на Драган Даутовски.
    Присутните ги поздрави директорот Дејан Павлевски кој се заблагодари на својот татко Раде Силјан, на своите брат и сестра, па и на својата ќерка Јана која рече е третата генерација од основачите на „Матица“ кои ја продоуваат традицијата на негување на љубов кон книгата, а со тоа и кон животот.
    „Матица“ е формирана на 24 август во 1991 година, во време на голем национален ентузијазам и големи предизвици.
    Во годините минати, исполнети со многу работа, труд и љубов кон книгата, „Матица“ објави повеќе од три илјади наслови од сите сфери на општественото живеење, со над пет милиони примероци. Меѓу многубројните дела од капитално значење за македонската култура, уметност и историја се издвојуваат делата за македонските манастири, македонските народни носии, македонската резба, народната митологија на македонците, македонската генеза, монографските изданија за Охрид и Скопје, избраните дела од Марко Цепенков, Кирил Пенушлиски, Јован Павловски, Петар Т. Бошковски, Јован Стрезовски, Раде Силјан, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Гане Тодоровски, Блаже Ристовски, Милан ѓурчинов, Цветан Грозданов, Матеја Матевски, Никола Кљусев, Ташко Георгиевски, Божин Павловски, Ефтим Клетников, Радован Павловски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски и др. Вредно е да се напомене е дека, книгите на македонски јазик, покрај на македонскиот пазар, преку соработката со големите издавачи во светот, достапни се и во книжарниците и библиотеките во Европа, САД и Австралија.
    Клубот Матица што е клубот на читателите на „Матица“ кој во моментов има повеќе од четириесет илјади членови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира