АРИЈАНА ГРАНДЕ ЈА ОТКАЖA ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО МАНЧЕСТЕР

    АРИЈАНА ГРАНДЕ ЈА ОТКАЖA ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО МАНЧЕСТЕР23- годишната Гранде само што заврши со настапот, кога одеднаш се слушна гласна експлозија околу 22.30 часот по локално време. (Фото: АП)

    Аријана Гранде била многу потресена по експлозијата на нејзиниот настап во Манчестер во понеделникот по која загинаа 22 лица и 59 беа повредени.
    Американската пејачка, позната по хитот „Сајд ту сајд“ го откажа остатокот од нејзината европска музичка турнеја по вчерашниот терористички напад пред „Манчестер Арена“. Таа имаше закажани настапи в четврток и петок во „О2 Арената“ во Лондон пред да продолжи во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија и Франција.

    И ДЕЦА МЕЃУ 22-ТЕ ЖРТВИ ВО МАНЧЕСТЕР, БОМБАШОТ ЗАГИНАЛ ВО НАПАДОТ

    23- годишната Гранде само што заврши со настапот, кога одеднаш се слушна гласна експлозија околу 22.30 часот по локално време.
    Околу 23 часот Аријана твитна: „Скршена сум. Од дното на моето срце, многу многу ми е жал. Немам зборови“.

    НЕМА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАНЧЕСТЕР

    Менаџерот на Гранде, Скутер Браун објави: „Тагуваме за животите на децата кои загинаа во овој кукавички напад и нивните семејства… Од вас бараме да ги чувате сите жртви , своите семејства и сите засегнати во вашите срца и молитви“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира