БЕБЕ РОДЕНО СРЕДЕ ЛЕТ ДОЖИВОТНО ЌЕ ЛЕТА БЕСПЛАТНО СО „ЏЕТ ЕРВЕЈС“

    БЕБЕ РОДЕНО СРЕДЕ ЛЕТ ДОЖИВОТНО ЌЕ ЛЕТА БЕСПЛАТНО СО „ЏЕТ ЕРВЕЈС“Авиокомпанијата „Џет Ервејс“ соопшти дека ова било прв пат бебе да им се роди за време на лет. (Фото: Џет Ервејс)

    Индиската авиокомпанија „Џет Ервејс“ му подари бесплатна доживотна карта на бебе кое се роди на еден од нивните летови од Саудиска Арабија до Индија. Екипажот и една патничка, која била обучена медицинска сестра, помогнаа да се роди бебето на височина од над 10 илјади метри.
    Мајката и бебето беа однесени во болница откако Боингот 737 слета во западниот индиски град Мумбаи.
    Авиокомпанијата соопшти дека мајката и бебето се добри и им се заблагодари на екипажот и на медицинската сестра за успешното породување на машкото бебе.
    Компанијата додаде дека ова било прв пат бебе да им се роди за време на лет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира