ГЛЕДАЧ СЕ КАЧИ НА СЦЕНАТА НА ЕВРОСОНГ И СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛ

    ГЛЕДАЧ СЕ КАЧИ НА СЦЕНАТА НА ЕВРОСОНГ И СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛДодека не ги слече панталоните се чинеше дека гледачот е дел од кореографијата

    Гледач од публиката направи мал инцидент на Евровизискиот фестивал кога се качи на сцената и ги слече панталоните среде директниот пренос што го следат над 200 милиони гледачи.

    За време на настапот на минатогодишната победничка Џамала во паузата додека траеше гласањето и имаше мало шоу, еден гледач од публиката нагрнат со австралиско знаме се качи на сцената до пејачката. Во еден момент се чинеше дека тоа е дел од  кореографијата оти тој заигра околу неа, а таа продолжи да пее како ништо да не се случило, по што тој ги слече панталоните и го покажа голиот газ на камерата.

    Веднаш беше совладан од обезбедувањето и симнат од сцената.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари