И ГОСТИВАР ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ОД КОКА-КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕ

    И ГОСТИВАР ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ОД КОКА-КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕКока-кола активните зони се сочинети од 6 најсовремени професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, 24 часа на ден.

    Во Гостивар вчера беше отворена осмата „Кока-кола активна зона“, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и Кока-Кола, соопшти компанијата. Активната зона, која што е дел од проектот за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата, претходно добија општините Гази Баба во Скопје, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово, Куманово и Штип.

    „Чест и задоволство ми е што денеска во Гостивар ја продолжуваме нашата мисија за добросостојба на сите граѓани, промовирајќи го активниот животен стил и поттикнувајќи ја спортската култура. Нашата цел е преку ‘Кока-Кола Активната зона’ да ги поттикнеме на физичка активност сите жители на општина Гостивар, без разлика на нивната возраст, пол или физичка предиспозиција. Зоната ја поставуваме на достапна локација каде во следниот период во соработка со стручни спортски лица ангажирани од наша страна, ќе организираме низа спортски настани, со намера ‘Кока-Кола Активната зона’ во Гостивар да прерасне во место за инклузија на сите граѓани кои ќе можат непречено да го реализираат својот потенцијал, да се забавуваат и социјализираат. ‘“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

    „Кока-Кола Активните зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а истите се сочинети од 6 најсовремени професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, 24 часа на ден.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари