МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ СНИМЕН ОД СЕЛОТО КУКЛИЦА, КРАТОВСКО (ФОТО)

    МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ СНИМЕН ОД СЕЛОТО КУКЛИЦА, КРАТОВСКО (ФОТО)Природниот спектакл фотографиран од селото Куклица близу Кратово познато по камените форми што личат на камена свадба

    Метеорскиот дожд Персеиди кој се појавува секоја година на лето во северната хемисфера, можеше да се види ноќта помеѓу петокот и саботата.

    Станува збор за природен спектакл што се случува секоја година. Појавата е предизвикана од движењето на земјата низ прашината предизвикана од остатоците на кометата Свифт Татл. Кометата  во 1992 година поминала близу сонцето и оставила прашина. Таа е сега далеку во сончевиот систем.

    Метеорите се викаат Персеиди затоа што доаѓаат од правецот на созвездието Персеј што го носи името на грчкиот митолошки херој кој го победил чудовиштето Горгон Медуса.

    Фотографиите се направени во селото Куклица близу Кратово.  Селото е познато по карактеристичните ерозивни форми што личат на камени кукли. Поради интересниот изглед на големите земјени столбови кои наликуваат на човечки фигури наредени како „скаменети свадбари“, целата појава локалното население ја нарекува „Весела свадба“.

    Фото: Ѓ. Личовски

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари