НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ КОЈ ГО ПРЕЖИВЕАЛ И АУШВИЦ УМРЕ НА 113 ГОДИНИ

    НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ КОЈ ГО ПРЕЖИВЕАЛ И АУШВИЦ УМРЕ НА 113 ГОДИНИИзраел Кристал во март 2016 година доби сертификат од Гинис дека е најстар човек на светот (семејна фотографија)

    Израелските медиуми јавија дека најстариот човек на земјата кој ги преживеал двете светски Војни и холокаустот, Израел Кристал, умре еден месец пред да наполни 114 години.

    Ќерката на Кристал изјави дека татко ѝ умрел во петокот.  Таа рече дека татко ѝ гледал добро во сè.

    Гинис му додели на Кристал сертификат за најстар човек на светот во март минатата година.

    Кристал бил роден во Полска. За време на Втората светска војна бил одведен во Аушвиц и други концентриони логори на фашистите. Двете негови деца и првата жена умреле во Аушвиц.

    Кристал бил единствениот кој преживеал од неговата голема еврејска фамилија.

    По војната се преженил и во 1950 година се преселил во Израел каде што основал фамилија и бизнис.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира