ТРАМП И ПУТИН СЕ СРЕТНАА ВО БУГАРСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, КАКО ВОСОЧНИ ФИГУРИ

    ТРАМП И ПУТИН СЕ СРЕТНАА ВО БУГАРСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, КАКО ВОСОЧНИ ФИГУРИ„Откако пред осум месеци го направивме Путин во реална големина, си рековме дека е логично во нашиот музеј да го поканиме и Трамп“, изјави сопственикот на музејот за АП (Фото: АП)

    Сигурно не би очекувале да ги видите заедно Доналд Трамп и Владимир Путин заедно во трговски центар,  и тоа во Бугарија.

    Восочните фигури на американскиот и на рускиот претседател се дел од поставката на познатиот Ретро музеј од црноморскиот град Варна.

    На сопственикот на музејот Цветан Иванов му требале речиси шест месеци да ја направи фигурата на Трамп, особено поради карактеристичната фигура.

    Фигурата на Путин е помала и го покажува рускиот претседател со стисната тупаница.

    „Откако пред осум месеци го направивме Путин во реална големина, си рековме дека е логично во нашиот музеј да го поканиме и Трамп“, изјави Атанасов за АП.

    „Се надевам дека наскоро двајцата и навистина ќе се сретнат бидејќи нашите животи многу зависат од лидерите на воените супесрили“, изјави за АП сопственикот на восочните Трамп и Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира