ТРОЈЦА ТУРИСТИ КАЗНЕТИ ВО РИМ ОТИ СЕ КАПЕЛЕ ГОЛИ ВО ФОНТАНА ДИ ТРЕВИ

    ТРОЈЦА ТУРИСТИ КАЗНЕТИ ВО РИМ ОТИ СЕ КАПЕЛЕ ГОЛИ ВО ФОНТАНА ДИ ТРЕВИ30-годишен Шпанец се капеше во познатата фонтана, образложувајќи дека тоа претставува уметнички перформанс. (Фото: Ил Месаџеро)

    Шеесетгодишна Германка е последната од низата туристи кои римската полиција ги казнила со 450 евра затоа што се капела во Фонтана ди Треви.

    Полицискиот портпарол за ДПА изјавил дека не се јасни причините на жената за нејзиното однесување.

    Минатата недела и 30-годишен Шпанец исто така се капеше во познатата фонтана, образложувајќи дека тоа претставува уметнички перформанс. Истиот човек изведувал слични сцени и во музејот Лувр во Париз и Галеријата Уфици во Фиренца.

    Полицијата не му го прифатила ова однесување и му изрекла казна, ама тој одбил да ја плати.

    Фонтаната е прикажана во класичниот италијанскиот филм „Ла Долче Вита“, со актерите Анита Екберг и Марчело Мастројани кои ноќе се бањаат во неа. Но, во филмската сцена и двајцата се облечени

    Претходно, овој месец, Италијанец добил иста парична казна откако се соблекол сред бел ден и пливал градно од едниот до другиот на фонтаната.

    Оваа серија инциденти поттикна реакции од римскиот весник „Ил Месаџеро“ кој побара од властите зајакнување на мерките против сите туристи кои што не го почитуваат културно-историското наследство на Рим.

    Фонтана ди Треви е спектакуларен пример на барокната уметност од 18-иот век. Уметничкото дело од бел травертин отсликува фигури од грчката митологија во палата висока 26 метри. Според традицијата, посетителите треба да се свртат со грб кон споменикот и да фрлат паричка во базенот, ако сакаат повторно да се вратат во Вечниот град.

    Фонтаната е прикажана во класичниот италијанскиот филм „Ла Долче Вита“ од 1960 година на Федерико Фелини. Во една сцена актерите Анита Екберг и Марчело Мастројани ноќе се капат во неа. Но, во филмот и двајцата се облечени.

     

     

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира