7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

    7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕОд Министерството за финансии велат дека се целосно подмирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година. (архивска фотографија)

    Министерството за финансии денеска почна со исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник. Министерството соопшти дека се исплатени 7,5 милиони евра субвенции со што целосно се подмирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 5,9 милиони евра за субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа.

    Пред неколку дена Уставниот суд донесе времена мерка за запирање од извршување на дел од ставовите и алинеите од спорниот член 8а од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенциите до формирање на Влада. Судот донесе времена мерка за запирање од извршување на овие законски одредби до донесување на конечна одлука. Штом се носи мерка за забрана за извршување на законските одредби, тоа значи дека забраната за исплата не важи и субвенциите можат да се исплаќаат. Конечната одлука треба се донесе најдоцна во рок од 30 дена, а во тој период Уставниот суд треба да собере одговори од належните институции и да одлучи дали ќе се поништата одредби или ќе се прекине постапката.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира