81 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ ЈА ПРОЧИТАЛЕ ПЛАТФОРМАТА, СПОРЕД АНКЕТАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ НДИ

    81 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ ЈА ПРОЧИТАЛЕ ПЛАТФОРМАТА, СПОРЕД АНКЕТАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ НДИПовеќе од триесет дена траат протестите на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ против платформата на партиите на Албанците во Македонија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Две третини од Македонците сметаат дека мнозинство од пратениците можат да формираат влада, 51 отсто дека СДСМ и нејзините коалициони партнери имаа легитимитет да направат влада, а  81 отсто од граѓаните ја немаат прочитано платформата што ја потпишаа партите на македонските Албанци.

    Ова се дел од резултатите на првата од предвидените три анкети на  американската организација Националeн демократски институт (НДИ), спроведена од 17 до 21 март на примерок од 807 граѓани.

    Во анкетата стои дека осум од 10 граѓани  (81%) не ја прочитале платформата потпишан од  партиите на македонските Албанци.

    За продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство(СЈО) се изјасниле 59 отсто од испитаниците.

    Граѓаните најмалку доверба имаат во судството и во Јавното обвинителство. Македонците најмногу доверба имаат во претседателот на државата, а Албанците во СЈО.

    Како први приоритети што новата влада треба да ги спроведе, граѓаните ги навеле порастот на економијата, ставање крај на политичката криза, вработувањaта, обединувањето и владеењето на правото.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира