АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА СЕ ОПУШТИ, НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊА, КАЖА ЗАЕВ ВО ЕКСПОЗЕТО

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА СЕ ОПУШТИ, НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊА, КАЖА ЗАЕВ ВО ЕКСПОЗЕТОНовата влада ќе воведе двосменско работење на администрацијата, најави мандатарот во експозето.- Лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска (Фото: Ѓ. Личовски)

    Мандатарот Зоран Заев, покрај познатите итни мерки за подобрување на животот на граѓаните, на работниците, учениците, наставниците, пензионерите и особено на лекарите, кажа дека нема да има отпуштања во администрацијата, во експозето во Собранието.

    „Доста реваншизми. Секој да се опушти, ослободи и да работи. Ќе се воведе двосменско работење за да не мора граѓаните да земаат слободни денови и боледувања за да завршат административна работа”, рече тој.
    Заев, во обраќањето пред пратениците и дипломатскиот кор во Македонија вети соодветна употреба на јазиците во Македонија, за да може, како што рече, „граѓаните полесно да ги остварат своите права, без да биде загрозен македонскиот јазик”.

    Тој повика на единство во реформскиот процес на срушеното општество, како што го нарече. На колегите од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ им рече дека ќе ги слуша и нив, бидејќи имаат право и треба да ја критикуваат владата.

    На своите министри им рече: „Не можам јас да бидам министер за вас. Вие треба да давате предлози, а не да го прашувате премиерот”.
    Спикерот Талат Џафери по експозето, даде пауза. Седницата продолжува со дискусија за предлогот за нова влада и за програмата што ја образложи мандатарот Заев. Новата влада треба да се избере до утре на полноќ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира