АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПОД ЗАКАНА ОДЕЛА НА КОНТРАПРОТЕСТИ, ТВРДИ ОБСЕ/ОДИХР

a:1:{s:9:"td_source";s:46:"Варшава,(САКАМДАКАЖАМ.МК

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПОД ЗАКАНА ОДЕЛА НА КОНТРАПРОТЕСТИ, ТВРДИ ОБСЕ/ОДИХР

    Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија добила сознанија дека се вршел притисок врз вработените во јавната администрација за да одат на контрапротести, објави денеска Мисијата.

    „Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР доби кредибилни наводи за притисок врз вработените во јавниот сектор да учествуваат на контра-демонстрациите, вклучително и закани за прекин на вработувањето, меѓутоа не беа поднесени официјални приговори. Неколку соговорници на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ова ѝ го припишаа на културата на страв од одмазда која постои во државните претпријатија и институции“, се вели во вториот периодичен извештај на мисијата, за периодот од 20 април до 11 мај, објавен попладнево.

    Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се повикува и на извештаајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) што ги следи радиодифузерите во текот на изборниот период. Според тој извештај

    „приватните радиодифузери Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и  ТВ Нова не ги покривале настаните објективно и  непристрасно. Извештајот  заклучува дека тие телевизии ги координирале нивните уреднички политики во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари