АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЌЕ ПОТРОШИ 40.000 ЕВРА СОСЕ 70 ХОСТЕСИ ЗА САЕМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:296:"Агенцијатанасаемотќеангажираи70хостесии100лицазаобезбедувањекоиќетребадасегрижатсредбитемеѓуневработенитеикомпаниитедапоминатбезпроблем ";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЌЕ ПОТРОШИ 40.000 ЕВРА СОСЕ 70 ХОСТЕСИ ЗА САЕМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

     

    Агенцијата за вработување ќе потроши 40.000 евра за да организира саеми за вработување. Според тендерот што го објави Агенцијата, парите ќе бидат потрошени за обезбедување на логистичка поддршка и изнајмување на простории, опрема за озвучување и осветлување и бина за говор, маркетинг материјали, модератори и транспорт на материјали.

    Исто така, Агенцијата ќе ангажира и 70 хостеси и 100 лица за обезбедување кои ќе треба да се грижат средбите меѓу невработените и компаниите да поминат без проблем.

    Во моментов, на електронскиот систем за јавни набавки Владата има распишано шест тендери. Преку Службата за општи и заеднички работи  Владата бара под наем фотокопири и за тоа ќе плати најмалку 25 илјади евра. Во огласот стои дека Владата нема намера да ги купи апаратите за фотокопирање, туку само да ги користи во одреден временски период.

    Исто така, Владата купува сувомеснати производи за што ќе потроши 5.700 евра. Толку пари ќе бидат потрошени и за набавка на колонијални-прехранбени производи, овошје и зеленчук за вилите во Охрид.

    На крајот на годината Владата бара нов оператор за мобилната телефонија за следната година. Вредоста на овој договор ќе биде околу 250 илјади евра.

    На  електронскиот систем за јавни набавки Владата бара набавка, испорака и пуштање во функција и на уред за непрекинато напојување УПС, односно таканаречен генератор кој ќе се користи во ситуации кога ќе снема струја. За оваа услуга ќе бидат потрошени околу 65.000 евра.

    Во моментов, шестиот оглас на Владата е за осигурувањето на возилата во вредност од 35.000 евра.

    На веб страницата на Бирото за јавни набавки заврши гласот на Апелациониот суд, кој барање фирма за лакирање на паркетот во судот. За оваа услуга судот најави дека потроши 135.594 денари или околу 2.200 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира