АХМЕТИ И СЕЛА НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ, КАСАМИ ОД БЕСА НЕ ДОЈДЕ, ЗАЕВ ЧЕКА ОДГОВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АХМЕТИ И СЕЛА НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ, КАСАМИ ОД БЕСА НЕ ДОЈДЕ, ЗАЕВ ЧЕКА ОДГОВОР

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА) Зијадин Села денеска се среќаваат во Скопје на консултации за формирање парламентарно мнозинство. Претставник од БЕСА не се појави во хотелот каде што се одржува средбата.

    Средбата во Скопје е на иницијатива на Зијадин Села.

    Потписници на платформата за преговори се и ДУИ и БЕСА. На средбата треба да се разговара за преговорите на ДУИ со СДСМ за формирање на парламентарно мнозинство и влада и за предлогот за законот за јазици кој партијата на Ахмети го испрати до СДСМ.

    Потписниците на платформата бараат и промена на Уставот во која ќе се утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија. Во албанската платформа се бара и „сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“.

    Лидерот на  СДСМ Зоран Заев вчера потврди дека добиле материјали од ДУИ кои ги разгледувала партиска работна група и рече дека за нив е прифатливо сѐ што е во рамки на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница.

    Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села, кој вчера не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.

    „Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра со нашиот јазик, да се зема постоечкиот закон и да се менуваат членовите. Треба закон кој ќе биде во склад со Уставот. Бидејќи Уставот дозволува употреба на албанскиот јазик во сите институции на државата, ние ќе предложиме закон што ќе го официјализира албанскиот јазик во сите институции на државата. Јас не знам кој предлагал и што предлагал, но тие предлози кои се слушаат во јавноста, за нас се неприфатливи“,  изјави вчера Села.

    Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада во законски предвидениот рок откако му беше доделен мандатот, па сите лидери на парламентарни партии беа на средба кај Претседателот Ѓорге Иванов на 1 февруари, кој пак за да го додели мандатот повторно побара да му се достави список со потписи на најмалку 61 пратеник, или просто парламентарно мнозинство. Оттогаш СДСМ и ДУИ преговараат за создавање мнозинство и влада.

    Иванов не бараше од ВМРО-ДПМНЕ да му достави потписи за доказ за да го даде мандатот на Груевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира