АРМ ОДБЕЛЕЖА 25 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО

    АРМ ОДБЕЛЕЖА 25 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТОНа централната прослава на Воениот стадион присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, министрите Радмила Шекеринск и Оливер Спасовски и собранискиот спикер Талат Џафери.

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска кажа дека визијата – Македонија членка на НАТО нѐ држи сите обединети на денешното одбележување на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

    „Немам дилеми дека оваа визија нѐ држи сите обединети во државата. Но, визија без конкретни планови, без јасни чекори е само сон и создава разочарување. Македонија неколку години доцни со стратешки одбранбени документи чија задача е токму тоа-да дефинираат конкретни чекори со конкретни датуми, обврски и задачи“, рече Шекеринска на свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

    Во склоп на одбележувањето на јубилејот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска беа изложени на борбени средства, техника и воена опрема на АРМ и беа изведени и показни вежби од страна на припадниците на полкот за специјални намени, баталјонот за почести и центарот за обука и дресура на кучиња.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира