АРМ СЕ УШТЕ ГО ПРЕБАРУВА ТЕРЕНОТ ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АРМ СЕ УШТЕ ГО ПРЕБАРУВА ТЕРЕНОТ ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА

    Тимови на АРМ за пребарување и извлекување, опремени со специјална опрема и товарни возила се уште се ангажираат во околината на Стајковци, Ченто и обиколницата, каде заедно со екипите на МВР и останати субјекти го пребаруваат теренот, се ангажираат на извлекување на загрозено население, добиток и заглавени моторни возила, соопшти Министерството за одбрана.poplava1 (5) „Армијата на Република Македонија ги стави на располагање сите потребни сили и материјални средства за ангажирање во справување со последиците  на  невремето, при што во моментот е ангажиран дополнителен персонал, потребен број на моторни возила и материјални средства за пребарување на теренот, извлекување и помагање на месното население, како и достава на вода за пиење и останат неопходен материјал од собирните пунктови во Град Скопје до погодените населени места каде тоа е најпотребно“, соопштија од МО и АРМ.poplava1 (6)20 луѓе загинаа во синоќешното невреме во скопскиот регион, а 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, потврдија претходно од Управувачкиот комитет за справување со кризи.
    Црвениот крст има мобилни тимови на терен, засега со 14 лица обучени за делување за одговор и справување со елементарни непогоди, а од утре ќе бидат ангажирани дополнителни волонтери кои ќе бидат повлечени од транзитните центри во Гевгелија и Табановце. Пунктови за собирање помош за настраданите има во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“ во Маџари.
    Од Управата за хидрометеорлошки работи предупредуваат дека и вечерва не очекува нестабилно време со дождови и грмотевици, но со нешто послаб интензитет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари