АРМЕЛА ОД ГОСТИВАР МОЖЕБИ Е МЕЃУ НАСТРАДАНИТЕ ВО МИНХЕН, СТРАВУВА СЕМЕЈСТВОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:56:"Минхен(Газетаекспрес,Косово)

АРМЕЛА ОД ГОСТИВАР МОЖЕБИ Е МЕЃУ НАСТРАДАНИТЕ ВО МИНХЕН, СТРАВУВА СЕМЕЈСТВОТО

Девојка од Гостивар со име Армела можеби е меѓу настраданите во терористичкиот напад во Минхен, објавуваат косовските медиуми.

Мајката на Армела за Газета Експрес, Назмие Сегаши изјавила: „Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница“.

За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

Косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

Косовската Скај Њуз објави дека меѓу загинатите е и девојка од Косово, Сабина Сулај, за која што мајката на Армела кажува дека била пријателка на ќерка и. „Се што знам за Сабина, е дека мајка и е од Албанија а татко и од Косово. И дека беа пријателки со Армела.“, изјавува Назмие.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Коментари