БЕЗ ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ ЌЕ БИДЕМЕ НЕМОЌНИ ПО ОДРЕДЕНИ ПРЕДМЕТИ, ВЕЛАТ ОД СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    БЕЗ ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ ЌЕ БИДЕМЕ НЕМОЌНИ ПО ОДРЕДЕНИ ПРЕДМЕТИ, ВЕЛАТ ОД СЈО

    Со недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци, се отежнува работата на Специјалното јавно обвинителство, велат од СЈО, по денешната седница во Собранието на која владејачкото мнозинство не ги поддржа измените на Законот за СЈО за продолжување на рокот за истраги и на Законот за заштита на сведоци.

    „Недонесувањето на Законот за заштита на сведоци ќе ја отежне нашата работа. Без тој закон остануваме немоќни да работиме по одредени предмети“, велат од СЈО.

    На денешната пленарна седница во Собранието, донесувањето на измените на Законот за СЈО, по скратена постапка, го поддржаа 36 пратеници, додека против гласаа 54. За измените на Законот за заштита на сведоци гласаа 42 народни избраници, а 52 беа против.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по гласањето, во изјава за медиумите, рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска останале на претходно изнесениот став дека нема да прифатат никакво барање од СЈО и никакви нови договарања, преговарања и продолжувања на рокови кои се надвор од Договорот од Пржино.

    На новинарско прашање дали кај владејачката партија постои страв дека нивни членови ќе бидат гонети од СЈО и затоа не го поддржуваат законот, Димовски одговори дека не им е страв и дека никој не е над Уставот и над Собранието. „Тој што мисли дека е над нив, ќе ја добие лекцијата што беше испорачана денеска“, изјави Димовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира