ДЕМОНСТРАНТИТЕ ГО ОБОИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ГО ОБОИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    Демонстрантите фрлаа со  боја кон Министерството за култура во скопската населба Дебар Маало. Тоа го прават симболично затоа што скапиот проект „Скопје 2014“ одеше преку ова министерство. Потоа протестите се преселија пред Владата.

    Пред тоа пред Собранието демонстрантите што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни рекоа дека не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие велат дека Зоран Заев не смее да оди на преговорите во Виена и ако реши да оди да не смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари