ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ ЗА ИНСУЛИН ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:284:"ОдЗдружениетовелатдеканемаатправодаделатинсулинскатерапија,ноподготвениседапомогнатсосопственитезалихикоиличногиимаатнивнитечленови

    ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ ЗА ИНСУЛИН ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

    Дијабетичарите се самоорганизираат за снабдување со инсулин за болните од поплавениот регион. Здружението на дијабетичари на социјалните мрежи го објави бројот 078-883-838 на кој болните може да побараат инсулин. Од здружението велат дека залудно побарале бројка на болни во поплавениот регион.

    „Официјални бројки за болни од дијабет во поплавените делови од Скопје никој не ни дава. Во Црвен крст велат дека немаат евиденција и дека делат само вода, храна ќебиња и облека, а од Брза помош велат дека доставуваат лекови онаму каде што ќе им посочат институциите што се над нив. Инсулинот значи кислород за болните, затоа ние самоиницијативно го објавивме телефонскиот број од здружението каде што помош може да побара и ќе добие секој“, велат од Здружението на дијабетичари.

    Тие истакнуваат дека немаат право да делат инсулинска терапија, но подготвени се да помогнат со сопствените залихи кои лично ги имаат нивните членови. Досега, една девојка побарала ленти и апаратче за дијабет за комшика на која што поплавата ѝ ги однела сите лекови.

    Има дијабетичари кои треба да примаат 4 пати дневно инсулин, а се сомневаат дека како што водата им однесе се во куќите, однесени им се и месечните залихи на инсулин.

    Во отсуство на надлежна институција која јавно нуди помош, Здружението се саоморганизира за прва помош.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари