ДИК УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ИСПЕЧАТЕНИ 80.000 ПРОБНИ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ИСПЕЧАТЕНИ 80.000 ПРОБНИ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА

    Државната изборна комисија вели дека има целосна контрола врз печатењето на доверливиот изборен материјал и ги демантираше информациите за 80.000 пробни испечатени гласачки ливчиња.

    „Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно осумдесет илјади пробни испечатени гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост. Државната изборна комисија има целосна контрола врз целиот изборен процес, а особено врз печатењето на доверливиот изборен материјал“, соопшти вечерва ДИК.

    Од ДИК велат и дека изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на ДИК и дека се испечатени и гласачките ливчиња, кои се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови.

    Претходно денеска, агенцијата „Мета“ објави дека печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, во саботата попладне отпечатила 80.000 ливчиња повеќе заради тестирање на опремата за печатење.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира