ДИМЕ СПАСОВ НАМЕСТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ МУ ДАВА ОТЧЕТ НА ЛИДЕРОТ ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИМЕ СПАСОВ НАМЕСТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ МУ ДАВА ОТЧЕТ НА ЛИДЕРОТ ГРУЕВСКИ

    Место на пратениците, министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој попладнево мистериозно исчезна од собраниската седница посветена на поплавите, му реферираше во Инџиково на неговиот шеф, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    На денешната седница на која се разгледува информација за тоа како надлежните министерства (за одбрана, полиција, здравство, транспорт и врски, екологија, труд и социјала) се справуваат со санирање на штетите на поплавите прво министерот Спасов поседе малку, па го снема.

    “Го повикувам министерот за труд и социјала Диме Спасов на собраниската говорница. Министерот Диме Спасов не е во салата. Го повикувам следниот министер…“, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кога виде дека еден од најважните ресорни министри за помош на настраданите во поплавите, министерот за труд и социјала, ја напуштил седницата.

    Сите надлежни министри дадоа информација пред Собранието, само министерот за труд и социјала не.

    По кусо време, државната агенција МИА објави фотографии од министерот Спасов во Инџиково. Токму о времето кога требаше да даде отчет за сработеното пред пратениците, тој му правел друштво на лидерот на партијата што го предложила за министер.

    “Во санирањето на штетите од последиците од поплавите во скопското село Стајковци моментално се ангажирани 78 машини, околу 600 доброволци и сезонски и комунални работници и околу 150 припадници на армијата. Сите улици се пробиени и остануваат уште триесетина куќи од кои треба да се испумпа водата…“, му реферирал Спасов на Груевски во разговор, како што беше пренесено, во поплавеното Инџиково.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира