ДИРЕКЦИЈА ЗА УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПОЧНА СО РАБОТА ВО РАМКИТЕ НА ШПАРКАСЕ БАНКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКЦИЈА ЗА УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПОЧНА СО РАБОТА ВО РАМКИТЕ НА ШПАРКАСЕ БАНКА

    Дирекција за услуги со хартии од вредност почна со работа во рамките на Шпаркасе Банка и на клиентите им нуди и брокерски услуги, овозможувајќи брзо и едноставно тргување со хартии од вредност на Македонската берза, како и на сите берзи од регионот – Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, а наскоро и од Босна и Херцеговина, Грција и од Романија.

    Дирекцијата ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност, и тоа: купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, купување и продавање хартии од вредност по налог и за своја сметка, управување со портфолио на хартии од вредност, вршење активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност, дејствување како покровител при котација, инвестициско советување, активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање акционерски друштва, чување хартии од вредност, прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

    За сите клиенти што ќе започнат соработка со Шпаркасе Банка во следните три месеци, промотивно, со цел соодветно да го одбележи почетокот на работењето, банката овозможува повластени услови за тргување во износ од 50% намалени редовни надоместоци за брокерско тргување.

    Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на е-mail адресата: [email protected] или на телефон +389 2 3200 785.

    Со започнувањето на работата на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка Македонија продолжува во насока на вистински финансиски „супермаркет“, каде што на едно место клиентот ќе има можност да користи и други финансиски услуги покрај традиционалните банкарски производи и услуги.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира