ДОНАЛД ТРАМП ИЗБРАН ЗА АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Вашингтон,(АП)

    ДОНАЛД ТРАМП ИЗБРАН ЗА АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    Доналд Трамп е избран да биде 45. американски претседател, објави АП по изненадувачката победа на славниот бизнисмен кој ги искористи економската неизвесност и расните тензии и ги надмина обвинувањата за сексуални напади на патот до Белата куќа.

    Неговиот триумф над Хилари Клинтон на вчерашните претседателски избори во САД ќе стави крај на осумгодишното владеење на Демократската партија со Белата куќа и се заканува да ги отстрани постигнувањата на претседателот Барак Обама. Тој вети дека брзо ќе делува да го тргне законот за здравствена заштита на Обама, исто како и нуклеарниот договор на САД со Иран и дека одново ќе ги разгледа трговските договори на САД со други земји, посебно Мексико и Канада.

    Републиканскиот кандидат победи и во традиционално демократски држави, како Пенсилванија и Висконсин, држави што не гласале за републикански кандидат уше од 80-те години на минатиот век. За триумф над Клинтон, на Трамп му беа потребни победи во речиси сите клучни држави и тој го направи тоа, освојувајќи ги Флорида, Охајо, Северна Каролина и други.

    Берзите ширум светот и акциите на американската берза паднаа драматично, одразувајќи го стравот на инвеститорите од тоа што би значело претседателствувањето на Трамп за економијата и трговијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира